Црна хроника
Скопјанец и кумановец заедно пиеле алкохол, а потоа жестоко се степале

Во кумановската полиција на 9 април било пријавено дека во Медицински центар Куманово со повреди бил донесен 31-годишник од скопското село Јурумлери, кој потоа бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Според пријавата, скопјанецот се здобил со повреди во кумановската населба Карпош откако физички бил нападнат од страна на 22-годишен кумановец, со кого неколкупати физички се пресметале, а претходно заедно со уште неколку лица пиеле алкохол.
Напаѓачот бил приведен во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава поради постоење сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Усмртен пешак во Гостиварско, уапсен возачот

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во с.Добридол, гостиварско, патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(30) од село Врапчиште, гостиварско, удрило во пешакот З.Ш.(65) од с.Добридол.
По несреќата, пешакот З.Ш. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што починал, а лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, а по член 300 од Кривичниот законик – „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, околу 21:10 часот од слобода бил лишен возачот Г.Б..
Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово – ОВР Гостивар.
Црна хроника
Полицијата го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници, напаѓачите уапсени

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот во кој во текот на вчерашниот ден (03.09.2025) во Тетово беа физички нападнати двајца малолетници.
На 03.09.2025 во 22:30 часот на улица „Прилепска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Н.Ќ.(20) од Тетово, на 04.09.2025 година во 12:10 часот на улица ,,Илинденска” го лишија од слобода Д.Д.(23) од с.Радиовце, а исто така, извршен е службен разговор со 16 малолетници.
Тие се сомничат дека околу 18:00 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово во група, физички нападнале 17-годишник и 15-годишник, двајцата од с.Доброште, општина Теарце, кои излегувале од средно училиште.
Имено, според пријавеното од нивните родители Ќ.Е.(50) и Х.И.(43) од село Доброште, нивните синови биле со уште еден малолетник, кој успеал да избега, а членовите на групата биле навивачи на тетовски фудбалски клуб.
По нападот, двајцата малолетници биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. По документирање на случајот, во содејство со јавен обвинител, против напаѓаачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Tри девојчиња нападнале 15-годишна тинејџерка во Карпош

Во Карпош пред два дена, 15-годишно девојче било нападнато од три малолетнички, информира СВР Скопје.
Инцидентот бил пријавен в од страна на нејзината мајка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Во истата скопска општина, вчера бил пријавен и случај со насилство врз 10-годишно момче во основно училиште.