Скопје
Перформанс на воениот оркестар на АРМ
Во петок и во сабота, со почеток во 19.30 часот, воениот оркестар на Армијата на Република Македонија ќе оддржи перформанс кој ќе започне од платото пред Музејот на македонската борба и ќе заврши пред спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев на плоштад Македонија во 20.30 часот.
Во петок и во сабота, со почеток во 19.30 часот, воениот оркестар на Армијата на Република Македонија ќе оддржи перформанс кој ќе започне од платото пред Музејот на македонската борба и ќе заврши пред спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев на плоштад Македонија во 20.30 часот.
Со овој перформанс свечено ќе започне манифестацијата „Музичко лето со Воениот оркестар на Република Македонија“ која ќе се оддржува низ Република Македонија. Покрај Скопје Воениот оркестар ќе има настапи во Велес, Дојран, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга и Куманово. Настаните се од отворен тип и ги повикуваме претставнмците на медиумите и сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и уживаат во перформансите на Воениот оркестар. Воениот оркестар е дел од Баталјонот за почести кој е основан на темелите на Првата Гардиска Бригада која е формирана по осамостојувањето на Република Македонија на ден 26.03.1992 година во касарната „Илинден“, а по заминувањето на тогашната Југословенска Народна Армија и формирање на Армијата на Република Македонија. На ден 22.07.2002 година официјално почна да функционира Гардискиот баталјон за почести и опслужување, со трансформација од ден 01.03.2006 година функционира како Баталјон за почести и опслужување, а со трансформација на АРМ од ден 01.04.2012 година функционира како Баталјон за почести./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

