Контакт

Избори 2019

Пендаровски во Македонска Каменица: Да одиме заедно напред, да ја донесеме Европа тука, а не младите да ни бегаат

Објавено пред

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски имаше средба со жителите на Македонска Каменица. Таму порача дека е важно за која политика ќе се одлучи народот, дали за политика која води напред или за политика која нè враќа во темното минато. „Јас сум убеден дека граѓаните сакаат напред“, рече Пендаровски.

dobivaj vesti na viber

„За десет години од режимот на претходната власт се иселија многу млади. Тие се грижеа само за нивните партиски членови и за фамилијата. За нас сите граѓани се еднакви. Нашата цел е да ја донесеме Европа тука, а не младите да ни бегаат во Европа. Јас нудам иднина за младите, напредок, просперитет, членство во ЕУ и НАТО“, рече Пендаровски.

Тој истакна дека со добивањето на датум за почеток на преговорите, веднаш се отвораат широки перспективи. Се отвораат, рече Пендаровски, фондови за развој на младите, за земјоделството и инфраструктурата. Другата опција, според него, нема план, освен да уништат сè што е добро за граѓаните и да нè вратат назад.

Тој побара поддршка на изборите на 21 април и на 5 мај за да се продолжи со развојот и да се обезбеди иднината. Вети дека тој како претседател нема да дозволи селективна правда. Законот ќе важи за сите, а тој ќе биде претседателот на сите граѓани.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ....

Македонија2 часа

Аврамовска-Мадиќ: 54 отсто од регистрираните членови гласале за претседател на СДСМ

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот, излегле 12.608 или 54 проценти...

Македонија3 часа

Деспотовски искажа забелешки за одвивањето на изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските...

Македонија6 часа

Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР,...

Македонија9 часа

Аврамовска-Мадиќ за изборот на претседател на СДСМ: До 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто 

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател...

Македонија9 часа

Голем пожар кај Василево, се шири кон селата Сушево и Злеово

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се...

Македонија11 часа

Филипче: Мирно и со позитивен дух се одвива процесот на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ

Целокупниот процес на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ според информациите насекаде низ државата се одвива мирно, има...

Македонија12 часа

Вучиќ најави уште апсења во Србија по вчерашниот терористички напад

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите...

Македонија12 часа

Левица: Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана

Во затворот Идризово се случила масовна тепачка меѓу затворениците, а повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека едно...

Македонија13 часа

За 24 часа низ државава пожарникарите гаснеа 10 пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно десет пожари на отворено и неколку помали...

Македонија16 часа

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места...

Македонија1 ден

Планинар паднал во провалија, бил извлечен со хеликоптер, но во болница лекарите констатирале смрт

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил...

Македонија1 ден

Змија касна двајца мажи од Велес, префрлени се на Инфективна клиника во Скопје

Двајца велешани биле каснати од змија додека работеле на лозје вчераутро кај селото Војница. Откако им се влошила состојбата се...

Македонија1 ден

Мајката знаела дека татко ги силува двете малолетни ќерки, ама ги убедувала дека е срамота да кажат

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на прилепско за кого постои основано сомнение...

Македонија1 ден

Славјанка Петровска ја повлекува кандидатурата за претседателка на СДСМ

Кандидатката за претседателка на СДСМ, Славјанка Петровска, ја повлекува кандидатурата на еден ден пред внатрепартиските избори. Преку официјално писмо до...

Регион1 ден

Непознато лице тешко рани припадник на жандармеријата пред израелската амбасада во Белград

Непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел тешко ранил припадник на жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува...

Топ1 ден

Осуденици на затворски казни барани со потерница вчера паднаа во рацете на полицијата

Две лица барани со потерница за издржување затворска казна се приведени од страна на полицијата во текот на вчерашниот ден...

Европа2 дена

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск, меѓу нив и деца

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот...

Македонија2 дена

МНР за почитувањето на Договорот од Преспа: Неговата имплементација е обврска и за двете страни

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република...

Топ2 дена

Ги силувал неговите ќерки: уапсен 36-годишен маж од Прилепско

Вчера во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село. Полицијата постапила...