Свет
Поранешниот папа Бенедикт XVI ја обвини револуцијата во 60-те за сексуалните злоупотреби
Пензионираниот папа Бенедикт XVI објави писмо во кое сексуалната злоупотреба врз децата ја препишува на целосната сексуална слобода во шеесеттите години на минатиот век. Тој наведува дека културните и историски промени довеле до распад на моралот во католицизмот.
Сексуалната револуција во шеесеттите години, според него, довела до хомосексуалноста и педофилијата во католичките установи. Исто така појаснува дека некои од тврдењата за сексуални злоупотреби на деца од страна на свештеници кои се појавиле датираат децении пред шеесеттите.
Единствено решение на проблемот, вели папата, e „послушност и љубов кон нашиот Господ Исус Христот“. Папата Бенедикт XVI во 2013 година се пензионираше, што е прв папа во 600 години да го стори тоа. Тој беше обвинет дека не успеал да ги заштити децата и ја потиснал истрагата. Обвиненијата тој ги негираше.
Писмото од 500 зборови, кое е објавено во германскиот католички магазин „Клерусблат“, е поделено на три дела. Во првиот дел тој ги обвинува сексуалните филмови, сликите на голотија и „облеката од 60-тите” што води кон „ментален колапс” и „насилство”.
„Во времето на сексуалната револуција, католичката морална теологија доживеа колапс што ја направи црквата беспомошна против овие промени во општеството”, вели тој.
Во вториот дел се наведува дека сексуалната револуција довела до „хомосексуални кликови“. Се испитува како овој период влијае на распуштањето на христијанскиот концепт на моралот, особено во католичките образовни институции.
Тој тврди дека еден бискуп им покажал на своите студенти порнографски филмови за да ги направи отпорни на однесувањето спротивно на верата.
Во третиот дел тој прашува: „Зошто педофилијата достигна такви пропорции? На крајот, причината е отсуството на Бога“.
На крајот тој му се заблагодари на неговиот наследник, папата Франциск, за сè што сторил за да ни го покаже повторно и повторно светлото на Бога, кое не е исчезнато дури ни денес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Захарова: САД ги користат вештачко поттикнатите немири во Иран како изговор за повторување на нападите врз земјата
Руското Министерство за надворешни работи остро ги критикуваше САД за „заканите за нови воени напади“ врз Иран, а заканата на американскиот претседател Трамп за воведување трговски царини ја нарече „уцена“.
Портпаролката на министерството, Марија Захарова, изјави дека заканите на САД за напади врз Иран се „категорично неприфатливи“. Таа ги предупреди САД да не ги користат немирите во Иран како „изговор“ за повторување на нападите врз земјата, откако американските воздухопловни сили нападнаа три нуклеарни објекти во јуни минатата година.
Според неа, таквата акција би имала „катастрофални последици“ на Блискиот Исток, „како и за глобалната меѓународна безбедност“.
„Исто така, цврсто ги отфрламе бесрамните обиди за уценување на странските партнери на Иран со зголемување на трговските царини“, рече таа, осврнувајќи се на најавата на Трамп за царина од 25 проценти на американскиот увоз за трговските партнери на Иран.
Коментирајќи ги антивладините демонстрации во Иран, таа рече дека „вештачки предизвиканите протести“ се смируваат, што дава надеж за „постепена стабилизација на ситуацијата“.
Европа
Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби
Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија.
Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше назначен од Зеленски да го води енергетскиот сектор потресен од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.
Последната постојана министерка за енергетика беше отпуштена минатата година поради корупциски скандал во кој беше вклучен нејзиниот претходник.
За номинацијата на Шмихал беа потребни 226 гласови за да биде одобрена. 210 гласаа „за“, а три опозициски партии беа воздржани.
Шмихал беше номиниран како дел од големата реконструкција на кабинетот, додека Киев се соочува со растечки руски притисок во војната што влегува во својата петта година следниот месец.
Свет
Поранешниот јужнокорејски претседател се соочува со смртна казна
Јужнокорејски обвинител денес побара смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук-Јол по обвинение за бунт откако земјата накратко прогласи вонредна состојба во декември 2024 година.
Јун е обвинет за заговор за бунт, кривично дело кое носи строга казна според јужнокорејскиот закон, вклучително и смртна казна доколку биде осуден, иако Јужна Кореја не ја извршува смртната казна со децении.
Во своите завршни зборови пред Окружниот суд во Сеул, обвинителот рече дека истражителите потврдиле дека постоел план, наводно предводен од Јун и неговиот поранешен министер за одбрана Ким Јонг-хјун, кој датира од октомври 2023 година и е дизајниран да му овозможи на Јун да остане на власт.
Јун, 65, ги негира обвиненијата. Тој рече дека имал овластување да прогласи вонредна состојба како претседател во тоа време и дека потегот имал за цел да предупреди дека опозициските партии се обидуваат да ја опструираат владата. Се очекува судот во Сеул да донесе одлука во февруари.

