Контакт

Избори 2019

Шекеринска: Гласот за Пендаровски е глас за нови шанси за младите во своја европска држава

Објавено пред

Младите во нашата држава веќе кажаа дека сакаат оваа држава да продолжи напред, дека не сакаат да губат време на политички кавги, на политички делби, на прашања од минатото и кавги од минатото и затоа поддршката од сите млади во земјава е многу голема кон кандидатот Стево Пендаровски поради тоа што во него гледаат шанса навистина да изградиме држава што ќе биде безбедна, тоа ќе го донесе НАТО-членството, но ќе создава многу повеќе шанси за младите, а тоа ќе го донесе членството во ЕУ, рече заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, при денешната посета на Делчево.

dobivaj vesti na viber

„Ние сме на само неколку километри од границата со ЕУ и токму младите во Делчево имаат шанса да видат колку драстично Бугарија се промени со членството во НАТО, а потоа и во ЕУ. Сакаме тоа што им беше овозможено на младите во Бугарија да го обезбедиме и за нашите млади, големи фондови за развој на образованието, големи шанси за студирање во странство, но исто така и големи фондови за равој на локалната инфраструктура и создавање нови претпријатија, мали и средни, кои ќе ги зголемат активноста и интересот и кај младите“, рече таа.

За државата да продолжи напред, додаде Шекеринска, мора да ги решаваме сите проблеми, за државата да ги решава проблемите, ни требаат луѓе што ќе сакаат не само да зборуваат туку што ќе сакаат да ги решаваат тие проблеми и во името на следните генерации.

„Не ни требаат претседатели што во текот на кампањата првпат си ги гледаат општините и народот, ни треба претседател кој го знае својот народ, кој ги знае своите луѓе, кој ја поминал нашата држава и хоризонтално и вертикално, кој влегол во секое село и секоја општина и кој ќе обезбеди услови сите ние да обезбедиме повеќе шанси за овие млади“, рече таа.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ15 минути

Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село. Полицијата постапила по претходна пријава дека...

Топ2 часа

Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши...

Македонија2 часа

Скопјанец преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт

Полицијата поднесе кривична пријава за скопјанец кој преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт. Денеска, Секторот за компјутерски криминал поднесе...

Македонија4 часа

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат, донација од Јапонија

На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. „Станува збор за...

Топ6 часа

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет...

Македонија7 часа

Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат...

Македонија7 часа

(Видео) Еден качен на хауба, друг вози без дозвола – поднесени пријави за скопјаните што дивееја на улиците

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и...

Македонија7 часа

Полициска интервенција во Струга: Над 500 лица и 120 луксузни возила на собир по полноќ, запленети автомобили

Доцна синоќа, нешто по полноќ, струшката полиција интервенирала на паркинг во градот по пријава за гласна бучава и вознемирување на...

Свет9 часа

Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули, што е речиси 7 отсто од вкупната...

Култура10 часа

(Видео) Охридско лето со концерт на Ана Дурловски го прослави 65. роденден

Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која настапи со пијано придружба на...

Македонија11 часа

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија1 ден

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Премиерот, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на...

Македонија1 ден

Објавен огласот за финансиска поддршка за сметките за струја за ранливи потрошувачи

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи...

Топ1 ден

Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против две лица, од кои едното е осомничено за обид за убиство и насилство,...

Свет1 ден

Силен скок на цената на нафтата на светските пазари

По две недели пад, цените на нафтата нагло пораснаа на светските пазари, за повеќе од шест проценти, поддржани од постигнувањето...

Македонија1 ден

Активни четири пожари во Македонија

До 07:00 часот утрово регистрирани се 23 пожари во Македонија, од кои четири се активни, два се под контрола, а...

Свет1 ден

Трамп се закани: Путин има рок до петок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, можеби в среда...

Свет1 ден

Русија и Кина одржуваат воени вежби во морето крај Јапонија

Русија и морнариците на Кина одржуваат заеднички артилериски и противподморнички вежби во Јапонското Море како дел од планираните воени маневри,...

Македонија2 дена

Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд и град ќе ја погодат Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе...