Свет
Трамп пак му се спротивстави на Парламентот, гласаше против резолуцијата на Конгресот
Американскиот прeтседател, Доналд Трамп, стави вето на резолуцијата на Конгресот, со која се бараше спречување на американската поддршка на саудиската коалиција во војната во Јемен, спротивставувајќи се на тој начин втор пат во два месецa на одлуката на парламентот.
„Оваа резолуција, која е бескорисен и опасен обид да се ослабнат моите уставни овластувања, ги става во опасност животите на американските граѓани“, изјави Трамп.
Конгресот го искористи законот изгласан во 1973 година за ограничување на воените овластувања на претседателот во судири во странство.
Пратениците повикаа на ставање крај на операциите во Јемен, каде од 2015 година Пентагон дава неборбена поддршка на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која е сојузник на САД.
„Даваме поддршка од повеќе причини. Пред сè, наша задача е да ја заштитиме безбедноста на над 80.000 Американци кои живеат во некои земји на коалицијата, а кои биле жртви на нападите на Хуните од Јемен“, порачал Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германските компании се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот кој ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде поради падот на нарачките се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и се насука на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, додека бројот на патниците на бродот се уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража започна спасувачка операција, користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.
Свет
Полициски автомобил удри во лимузината на новозеландскиот премиер
Полициски автомобил удри во задниот дел на лимузината во која се наоѓаа премиерот на Нов Зеланд Кристофер Луксан и министерот за финансии Никола Вилис, но никој не е повреден, соопштија официјални лица.
Несреќата се случила вчера попладне на главниот пат кој води до аеродромот во Велингтон и седиштето на парламентот, пишува ABC News.
Полицијата започна истрага за несреќата.
Одделението за управување со службени возила соопшти дека е оштетен задниот дел од лимузината.
Луксан за новинарите изјави дека несреќата малку го изненадила, но дека е добро.