Свет
Во САД уапсен 71-годишник поради 100 обвиненија за силување деца

Во американската сојузна држава Луизијана уапсен е 71-годишен маж поради 100 обвиненија за сексуална злоупотреба на деца. Тој е обвинет за силување деца во својот роден град и околината, кои ги извршил пред неколку децении, објави Си-ен-ен.
Харви Џозеф Фонтејн е уапсен осум дена откако едната од наводните жртви, сега веќе возрасна личност, им рекла на властите дека Фонтејн ја силувал кога била дете, соопштиле од канцеларијата на шерифот во округот Рапидес Периш.
Истражителите собрале докази кои ги поддржуваат тврдењата на жртвите.
„Силувањата наводно се случиле од 1970 до раните 1980-ти години, а во секој случај на сексуална злоупотреба, детето било помладо од 13 години“, рекол поручникот Стивен Филипс.
Тој додал дека засега не може да открие колку деца биле силувани.
На силувачот му е одредена кауција од еден милион долари. А силувањето како кривично дело во Луизијана, на деца помлади од 13 години, е казниво со смрт или доживотна казна затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Северна Кореја гради бариери на границата со Јужна Кореја

Северна Кореја ја информираше Командата на Обединетите нации (УНК) во Јужна Кореја под команда на Соединетите Американски Држави за своите планови за изградба на бариери во рамките на границата меѓу Северна и Јужна Кореја.
Како што објави Министерството за одбрана на Јужна Кореја, Северна Кореја информираше дека продолжува да гради бариери и огради од бодликава жица на својата страна од демилитаризираната зона, објавува Јонхап.
Од април минатата година, Северна Кореја распореди војници во близина на воената демаркациска линија во демилитаризираната зона за да поставуваат мини, да поставуваат противтенковски бариери и да ги зајакнуваат оградите од бодликава жица, откако лидерот на земјата Ким Џонг Ун ги опиша меѓукорејските врски кон крајот на 2023 година како односи меѓу „две држави кои се непријателски расположени една кон друга“.
РЕ-Дигитал
Tрамп тврди дека има купувач за „Тик-ток“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека пронашол купувач за апликацијата „Тик-ток“ во таа земја.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека пронашол група многу богати луѓе како потенцијален купувач за „Тик-ток“, чиј идентитет ќе го открие за околу две недели, пренесува „Ројтерс“.
На 18 јуни, Трамп по трет пат ја одложи забраната за апликацијата „Тик-ток“ во Соединетите Американски Држави, додека чека нејзиниот сопственик, кинеската компанија „Бајт денс“ да ја продаде социјалната мрежа.
Свет
Иран: Коментарите на Трамп за Хамнеи се навредливи и недостојни

Министерството за надворешни работи на Иран ги осуди коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп упатени до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, и народот на Иран, оценувајќи ги како навредливи и недостојни, објавија иранските медиуми.
Се вели дека коментарите на Трамп „длабоко ги повредуваат чувствата на стотици милиони муслимани во регионот и низ целиот свет“, објави Иран Интернешнл.
Министерството процени дека коментарите на Трамп само ќе ja зголемат одвратноста и омразата „кон кратковидата политика на Америка и дополнително ќе ги дискредитираат нејзините тврдења за барање дијалог“.
Трамп во петокот изјави дека Хамнеи дал глупава изјава кога се заканил дека повторно ќе ги нападне американските сили во регионот откако Иран нападна американска база во Катар како одговор на бомбардирањето на нуклеарните постројки на Иран.