Топ
Загина скопјанец кој бил прегазен од сопствениот камион
Едно лице на 52-годишна возраст (Љ.А) го загуби животот во несреќа што се случи на крстосница на булеварот Борис Трајковски во Скопје.
Лицето било прегазено од камион што претходно го управувал и починал на местото, соопшти МВР.
Според пријавеното, мажот заедно со сопатникот од Велес излегле од камионот да видат дали имало простор за возилото да помине по улицата. Во еден момент возилото се придвижило нанапред и со предните тркала го прегазило Љ.А, велат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне конкретен договор за мир меѓу Русија и Украина.
Иако претходно се очекуваше двајцата ќе се сретнат во Будимпешта, до средбата не дојде и истата е одложена.
„Морам да знам дека ќе постигнеме договор. Нема да губам време“, изјави Трамп во авионот „Ер форс“.
Тој додаде дека секогаш имал одличен однос со Путин, но дека ситуацијата е разочарувачка. Последната средба на 15 август на Алјаска беше оценета како продуктивна.
Во меѓувреме, нападите врз Украина продолжуваат — во најновите руски ракетни и дрон-напади загинале најмалку четири лица, а 20 се повредени. Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од САД нови санкции против целиот руски нафтен сектор и ракети со долг дострел.
„Ројтерс“ вчера објави дека американската администрација подготвила дополнителен пакет санкции против руската економија, вклучувајќи банки и нафтна инфраструктура, што ќе се активира доколку Москва продолжи да го одолговлекува мировниот процес.
Извори за Ројтерс наведуваат дека Вашингтон разговара со европските сојузници и за користење на замрзнатиот руски имот за набавка на американско оружје за Киев.
Рускиот пратеник Кирил Дмитриев кој се наоѓа во Вашингтон вчера изјави дека Москва, САД и Украина се блиску до дипломатско решение, додека украинската страна ги поздрави новите санкции.
Македонија
Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање
Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени, јавува УХМР.
Денес најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.

