Скопје
Санкциониран 861 учесник во сообраќајот за една недела во Скопје
Вкупно 861 учесник во сообраќајот е санкциониран во Скопје во периодот од 8-ми до 14-ти август, соопшти Министерството за внатрешни работи. Најмногу казни се изречени за непрописно паркирање.
Кај 37 возачи било утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 58 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 35 возачи, кај 34 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 92 возачи управувале возила со над дозволената брзина, и 82 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место.
Исто така, изречени се 12 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 37 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 20 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 264 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање.
Потоа за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се седум прекршоци, за непрописно престројување изречени се два прекршока, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се осум прекршоци, за непрописно престигнување изречени се шест прекршоци, кај едно возило е утврдена техничка неисправност.
Во истиот период со пајак службата подигнати се вкупно 280 возила.
СВР Скопје најави дека и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




