Спорт
Надал маршира кон титулата број 12 во Монте Карло
Рафаел Надал со малку повеќе маки од очекуваното се пласира во полуфиналето на Мастерс-турнирот во Монте Карло победувајќи го Аргентинецот Гвидо Пелја со 7:6(1)/6:3 за да остане на добар пат да ја освои својата титула број 12 во малото кнежевство.
Надал е рекордер со 11 титули освоени во Барселона, Монте Карло и „Ролан Гарос“ бидејќи ниту еден тенисер нема стигнато до толку трофеи на еден турнир. Кралот на земја се враќа полека во форма, иако Пелја му направи многу проблеми, посебно во првиот сет, кој мораше да го добие во тај-брејк по еден час и 22 минути игра! Во вториот сет Надал влезе во ритам, направи два брејка и поведе со 5:1, пред упорниот Аргентинец се врати до 5:3, пред да го загуби мечот.
Simply incredible! ?@RafaelNadal this is insane….#RolexMCMasters pic.twitter.com/JeaLbOQafS
— Tennis TV (@TennisTV) April 19, 2019
Следен за Надал во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот на Хрватот Борна Чориќ и италијанскиот ветеран Фабио Фоњини. Во другото полуфинале ќе играат Душан Лајовиќ и Данил Медведев, кој претходно го елиминира светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

