Свет
Две недели претходно властите на Шри Ланка добиле најави за можни напади
„На 4 април добивме информација за можни напади“, изјавил минстерот за здравство на Шри Ланка, Рајита Сенаратне, кој додал дека премиерот не бил информиран за тоа.
Тој открил дека на 9 април шефот на тајната служба напишал писмо во кое навел многубројни имиња на членови на терористичка организација.
Министерот за одбрана изјавил дека не треба сега да се обвинуваат владата и тајната служба затоа што не ги спречиле нападите. Тој додал дека информацијата што ја добиле сугерирала на еден или два можни напада, а ова што се случило било воопшто неочекувано.
Бројот на загинати преку ноќта се зголемил кога повеќето починале во болниците, а пронајдени се и нови тела.
Утрово беше укинат полицискиот час, се очекува училиштата и факултетите да останат затворени, но владата најави нов полициски час, кој ќе стапи во сила во 20 часот по локално време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јапонија, Јужна Кореја и САД започнаа голема воена вежба во Источното Кинеско Море
Јапонија, Јужна Кореја и САД денеска почнаа заедничка воена вежба во Источното Кинеско Море и неговата околина, со учество на американски носачи на авиони и јужнокорејски и јапонски борбени авиони и бродови, соопшти јапонската војска.
Вежбата Freedom Edge се одржува по втор пат, откако во јуни беа одржани големи воени маневри под ова име и има за цел да ја демонстрира „силната волја“ на трите земји во одбраната на регионот, истовремено промовирајќи ја нивната интероперабилност во воздушната одбрана, поморскиот и сајбер доменот, соопшти Генералштабот на јапонската армија, пренесува Kyodo.
Планирано е вежбата да трае три или четири дена, изјави јапонски воен претставник.
Регион
Двајца од нив комуницираат со очи, се вознемируваат кога ќе ги видат семејствата, изјави доктор за тројцата повредени во Нови Сад
Двајца од тројцата пациенти кои беа тешко повредени како последица од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се во свесна, но се уште тешка состојба, изјави за Танјуг в.д. директор на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов.
„Како што вчера рече д-р Николиќ, двајца пациенти се свесни и на кислородна поддршка, комуницираат со очите. Еден пациент се уште е на апарати за вештачко дишење“, рече Туркулов.
Таа додаде дека проблем се секундарните инфекции, а нема опуштање бидејќи повредите се обемни.
„Секој ден се преврзуваат во холот, имаше по некоја ортопедска корекција, фиксирање на коските, а семејствата можат да ги гледаат секој ден“, рече Туркулов.
Се организира и психолошка поддршка за свесните пациенти, бидејќи тие се вознемируваат кога ќе ги видат своите семејства.
Европа
(Видео) Масивен напад со балистички ракети врз Киев, одекнуваат експлозии
Во цела Украина рано утринава е прогласена за воздушна опасност, а на жителите им е кажано да одат во засолништа. Андриј Јермак, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави на социјалните мрежи: „Путин сега започнува ракетен напад врз Киев“.
Video of Shahed flying close to my area in the west of Kyiv. Anti-aircraft guns were audible here too. Reports this Shahed was shot down. Second wave of cruise missiles never materialized. Tu-95s have refueled and are returning to base in north Russia, monitors say. pic.twitter.com/78G08GWrtK
— Euan MacDonald (@Euan_MacDonald) November 13, 2024
„Експлозии во градот. Противвоздушната одбрана функционира. Останете во засолништа!“, соопшти градската управа на Киев преку апликацијата Телеграм.
Russians have launched a ballistic missile attack on Kyiv. Residents are fleeing into metro stations amidst loud explosions. Air defenses are active. pic.twitter.com/AD6xy7KhhD
— KyivPost (@KyivPost) November 13, 2024
Според украинската војска, во првиот ракетен напад по повеќе од два месеци, Русија користела крстосувачки ракети лансирани од стратешки авиони, како и балистички ракети.
Како што јави дописникот на Би-би-си, руските бомбардери Ту-95 истрелале околу 6 групи крстаречки ракети кон цели низ земјата.
This morning, Russia launched a missile and drone attack on Kyiv, in the middle of the morning rush hour. Explosions were heard.
📹: Morning sounds in Ukraine – incessant explosions for almost 1,000 days now
Source: mamma_lenna/TikTok pic.twitter.com/2gMZnS0qZV— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 13, 2024
Ројтерс известува за експлозии кои се слушаат во источниот дел на главниот град. Густ облак чад се издигнува на најмалку една локација, но се уште не е познато дали експлозиите биле резултат на воздушната одбрана или проектилите ги погодиле нивните цели. Две борбени беспилотни летала Шахед беа забележани и над јужниот дел на градот. Властите се уште не известиле за жртви или материјална штета.
Градската воена управа на Киев предупреди дека електричната енергија би можела да биде исклучена бидејќи Русија продолжува да ја напаѓа енергетската инфраструктура пред претстојните зимски месеци.