Свет
Меркел му честита на Зеленски за победата на претседателските избори во Украина
Германската канцеларка Ангела Меркел беше меѓу последните западни лидери што му честитаа на Володомир Зеленски за неговата убедлива победа во вториот круг од претседателските избори во Украина, пренесува ТАСС.
„Со сето срце Ви го честитам изборот за претседател на Украина“, напиша Меркел во својата телеграма до Зеленски.
Таа истакна дека од украинската револуција во 2014 година двете земји ги засилија односите како во политичките така и во економските, културните и јавните сфери.
„Се грижам за стабилизацијата на Украина и за мирно решавање на конфликтот, како и за спроведување на клучните реформи во судските органи, децентрализацијата на власта и во борбата против корупцијата. Германската влада во иднина ќе продолжи активно да ја поддржува Украина особено нејзиното право на суверенитет и територијален интегритет“, пишува Меркел посакувајќи му на Зеленски добра среќа и успех на функцијата.
Пред изборите во Украина, на 12 април Меркел се сретна во Берлин само со актуелниот украински претседател Петро Порошенко. Во меѓувреме францускиот претседател, Емануел Макрон, се состана со двајцата кандидати. Некои германски експерти забележаа дека ова е првпат еден германски канцелар да се сретне со еден од претседателските кандидати пред вториот круг од изборите.
Претседателските избори во Украина се одржаа на 21 април. Со пребројани 97,65 отсто од гласовите, шоуменот Владимир Зеленски, кандидат на партијата Слуга на народот, освои убедлива победа со 73,14 отсто. Порошенко, кој владееше со земјата пет години, освои 24,53 отсто од гласовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

