Македонија
(Видео) Братот на Бесир Беља: Не ја прифаќаме пресудата, сѐ уште нема правда во Македонија
„Ние не ја прифаќаме оваа пресуда и ќе се жалиме до Апелација. Видовме дека сè уште нема правда во Македонија, казната е превисока“, рече Бесарт Беља, братот на Бесир Беља, кој е осуден за убиство на 20-годишниот Никола Саздовски, по денешното изрекување на пресудата.
Бесир Беља и Скендер Демири денеска од страна на Кривичниот суд беа осудени на по 19 години казна затвор за сторено кривично дело убиство направено врз 20-годишниот Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“.
Беља, Демири и Јетон Љужа, кој е во бегство, на 29 јуни 2018 година, околу 17.45 часот, на булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда, на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“, му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта.
Кога Саздовски го потврдил идентитетот, обвинетите заедно почнале да го удираат со боксови во главата и градите. Од силните удари Саздовски загубил рамнотежа, паднал на тротоарот по што обвинетите со силни удари со нозете продолжиле да го удираат по главата. Од ударите Саздовски добил тешки телесни повреди опасни за животот по што паднал во коматозна состојба.
Саздовски во бесвест бил пренесен на Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Истиот ден бил пренесен на КАРИЛ, каде што престојувал повеќе од 10 дена. На 3 јули 2018 година му била констатирана мозочна смрт. Како резултат на добиените повреди, Саздовски починал на 9 јули 2018.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

