Контакт

Европа

Порошенко бара нови преговори со бунтовниците во сабота

Објавено пред

Украинскиот претседател Петро Порошенко предложи време и место на одржување преговори со проруските бунтовници во сабота, на кои главна цел ќе биде воспоставување услови за постигнување траен прекин на огнот, и очекува одговор од другата страна, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на украинското претседателство.
 

dobivaj vesti na viber

Украинскиот претседател Петро Порошенко предложи време и место на одржување преговори со проруските бунтовници во сабота, на кои главна цел ќе биде воспоставување услови за постигнување траен прекин на огнот, и очекува одговор од другата страна, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на украинското претседателство.

 

Во еден од најтешките инциденти откако по истекот на рокот за прекинот на огнот Порошенко нареди продолжување на операцијата на украинската армија против проруските милиции во источните региони на земјата, во петокот според штабот на украинските сили загинале 13 украински војници.

Во текот на повеќе од двомесечните судири во рософонските источни региони на Украина загинале повеќе од 200 украински војници, а убиени се и околу 250 цивили и бунтовници.

Во соопштението на интернет страницата на Порошенко се наведува дека украинскиот претседател на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон и’ предложил време и место за одржување на преговорите во сабота, меѓутоа поединости за тоа не се објавени.

Бунтовниците сметаат дека местото за одржување на преговорите може да претставува проблем, имајќи предвид дека се сомневаат оти целта на властите во Киев е да ги заробат водачите на милициите доколку ги напуштат своите бази.

Претходно во средата министрите за надворешни работи на Украина, Русија, Германија и Франција во Берлин се согласија дека во текот на претстојниот викенд би требало да биде организиран уште еден, покрај претходните два, разговор со членовите на „контактната група“, во која медијатори се поранешниот украински претседател Леонид Кучма, рускиот амбасадор во Киев и претставник на мисијата на ОБСЕ, со цел да се постигне договор за одржливо примирје./крај/мф/сн

 

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Објавено пред

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.

dobivaj vesti na viber

„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.

Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Објавено пред

Патниците врескаа од страв откако силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим, принудувајќи го пилотот итно да слета.

dobivaj vesti na viber

Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.

Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.

Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.

Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.

По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Слетал таму во 3:53 часот наутро, речиси три часа откако требаше да пристигне во италијанската престолнина.

Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Објавено пред

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци од руското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Двата дрона што ги уништија руските противвоздушни единици летаа кон Москва, изјави градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин.

„Службите за итни случаи работат на местото каде што паднаа остатоците (од дроновите)“, напиша Собјанин во објава на Телеграм, пренесува Ројтерс.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Активен е еден пожар на територијата на Македонија, два се под контрола, извести ЦУК

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија имало вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е...

Свет2 часа

Виетнам се подготвува за моќен тајфун, ги затвора училиштата и аеродромите

Виетнам ги затвори аеродромите и училиштата и започна масовни евакуации додека се подготвува за најсилната бура оваа година. Се очекува...

Европа2 часа

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет2 часа

Канада е отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа3 часа

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....

Македонија3 часа

На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е...

Македонија13 часа

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...

Свет14 часа

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи...

Македонија17 часа

Мицкоски очекува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, приоритет ќе биде хигиената во Скопје

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е...

Топ17 часа

Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија...

Регион20 часа

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...

Свет20 часа

Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал...

Македонија22 часа

Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба...

Свет1 ден

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по...

Македонија2 дена

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат...

Економија2 дена

Македонија е големо градилиште, над 1.200 проекти во општините, велат Перински и Николоски

Во моментов целата Македонија е едно големо градилиште, а само во општините се реализираат повеќе од 1.200 активни проекти поддржани...

Свет2 дена

(Видео) Украинците тешко ранија руски генерал, Абачев изгуби рака и нога по нападот

Украинските специјални сили објавија видео и детали од операцијата во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев беше тешко ранет, јавува „Украинска...

Скопје2 дена

„4 години работа за тебе“: Скопските градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ја заокружија четиригодишната мисија

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе” свое обраќање на панел дискусијата имаа скопските градоначалници. Градоначалникот...

Македонија2 дена

Мицкоски најави промени: По изборите ќе има нови луѓе во партијата и реконструкција на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот отчет по повод четиригодишната работа на градоначалниците, порача дека веднаш по локалните избори...

Македонија2 дена

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините

Почетокот на четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се оцени како период на разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос и...