Македонија
Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека веќе направиле увид во ИВЗ.
„Управата за финансиска полиција во целост ги демантира објавените информации во одредени медиуми дека на ден 23.04.2019 година од страна на овластени лица на Управата е извршен увид и контрола во просториите на Исламската верска заедница. Управата за финансиска полиција нема преземено никакви дејствија и активности со цел контролирање на финансиското работење на ИВЗ. Воедно ве известуваме дека на ден 24.04.2019 година примена е писмена пријава со барање за финансиска контрола во ИВЗ“, соопштија од Управата.
Барањето за контрола на финансиското работење е по вчерашниот обид за преземање на власта во ИВЗ од страна на Скендер Бузаку. Тој тврди дека има правосилно решение врз основа на кое од денес е поглавар на ИВЗ. Бузаку најави дека денес ќе влезе во просториите на ИВЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Студеничани и Гази Баба

Од ЕВН Македонија АД добиено е известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 23.05.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат дел од жителите на опшштините Студеничани и Гази Баба.
Од 09.00 до 12.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од с. Батинци. (Општина Студеничани).
Од 11.00 до 14.00 часот корисниците од улица бр. 1 во нас. Трубарево. (Општина Гази Баба).
Македонија
Сончево време, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Под влијание на влажен бран во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2), проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70 km/h).
Од вторник ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.
Македонија
Каја Калас денеска во Скопје ќе се сретне со Мицкоски

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес доаѓа во Скопје.
Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија, што следува по склучувањето на билатералниот договор за безбедносното и одбранбеното партнерство во ноември минатата година.