Македонија
Арсовски: Заев им се заканува на административците што не се дел од СДСМ
По загубата на поддршката на изборите, СДСМ продолжува да врши жестоки притисоци и да им се заканува на вработените во јавната администрација, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција.
„Заев во моментот преку своите перјаници во Град Скопје и раководни лица се заканува дека ќе брка луѓе од работа. Луѓе што се вработени со години и децении во Град Скопје. Според информациите што стигнаа до нас од загрижени вработени во администрацијата на Град Скопје, раководни лица од Градот повикувале вработени што не се членови на СДСМ и им упатувале закани да не се вклучуваат во кампањата и надвор од работното време, како што е и впрочем дозволено, а потоа им се заканувале и да не излегуваат на гласање на денот на изборите, односно 5 мај, на вториот круг. Доколку го направат едното или другото, пораката била јасна – ќе бидат избркани од работното место на кое работат со години и децении. Ваквите состаноци се држени со претходно предупредување вработените да ги остават мобилните телефони надвор од канцеларијата на функционерот во Град Скопје, кој ги повикувал да им го соопшти тоа“, рече Арсовски.
Тој додаде дека се работи за тежок криминал, кој ќе биде санкциониран кога, како што рече, правдата ќе се врати во Македонија и ќе профункционира правната држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

