Македонија
Утре променливо облачно со грмежи

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе се движеи од 2 до 8, а максималната од 15 до 23 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Температурата од 7 до 20 степени.
Во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи, а преодно стабилизирање се очекува в петок кога температурите ќе бидат во пораст. Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат од сабота кон крајот на денот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Алијанса за Албанците: Политичката групација „ФЛЕН“, потоната во конфузија и зафатена од политичка апатија

Политичката групација „ФЛЕН“, потоната во конфузија и зафатена од политичка апатија, во понеделникот изјави дека нивната борба е за затворање на казината и заштита на семејствата.
Алијансата за Албанците им порачува дека ова е изгубена битка, бидејќи новиот закон за игрите на среќа, подготвен од ВМРО-ДПМНЕ, веќе е готов и наскоро ќе биде ставен во процедура за усвојување, се нагласува во соопштението од оваа партија.
„ФЛЕН“, како што велат, по којзнае кој пат, ја лаже јавноста, тврдејќи дека се бори против индустријата на коцкањето.
Според нив, во реалноста, новиот предлог-закон само ја зајакнува и понатаму ја легализира оваа индустрија, особено преку онлајн игрите на среќа.
„Овој политички субјект продолжува да спие, додека ВМРО-ДПМНЕ ги подготвува законите и им ги сервира како „свршен чин“ за гласање.
Според новиот закон, лиценците за онлајн операторите ќе продолжат да се издаваат на период од 6 години, исто како и досега, што го потврдува отсуството на било каква волја за забрана или ограничување на оваа штетна активност.
Наместо да се забрани оваа индустрија, се создава затворен и монополизиран систем кој ги фаворизира компаниите блиски до власта и отвора сериозни сомнежи за тајни профити на луѓе блиски до владините структури“.
Според Алијанса за Албанците, наместо да ги следи најдобрите европски практики, како забрана на агресивно рекламирање, ограничување на пристапот за малолетници, поставување лимити за трошење, или соработка со здравствени организации, Северна Македонија го олеснува развојот на коцкарската индустрија во име на дигитализација и формализација.
„Овој предлог-закон не е реформа за граѓаните, туку политички акт кој ја претвора зависноста од коцкањето во извор на приходи за државата и за други блиски до власта.
„ФЛЕН“, парализиран од еуфоријата на првите денови во власт, нема ниту улога, ниту влијание, ниту глас во овој процес.
Она што Алијансата за Албанците одамна го има разобличено, многу брзо ќе се потврди и јавно – кога Владата ќе го поднесе законот на усвојување“.
Македонија
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Во среда и четврток ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо и ветровито со услови за локален дожд. Во деновите од викендот ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.
Македонија
На граничниот премин Богородица се чека околу 20 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин “Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.