Свет
Гваидо повика на генерален штрајк, во протестите загина една жена
Продолжува тензичната атмосфера во Венецуела. Илјадници луѓе излегоа на улиците на Каракас за да го натераат претседателот Николас Мадуро да ја напушти власта, а во меѓувреме расте напнатоста меѓу САД и Русија поради политички судири меѓу членовите на ОПЕК во таа држава.
Лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо, повика на најголеми протести во историјата на Венецуела и побара поддршка од војската, но водството на вооружените сили остана верно на Мадуро, кој е на власт од 2013 година. Гваидо ги повика илјадниците приврзаници да останат на улиците.
„Ако режимот мисли дека сме го достигнале максималниот притисок не може ни да замисли што го чека. Мораме да останеме на улиците“, порача Гваидо пред илјадници приврзаници во источниот дел на Каракас. Тој ги повика и сите вработени во јавните служби да почнат со генерален штрајк.
Во протестите, како што пренесе Би-би-си, демонстрантите се судриле со полицијата фрлајќи камења, на што силите на редот возвратиле со солзавец. Во нередите, според информациите, загинала една жена.
Опозицијата во Венецуела често организира улични протести против Мадуро, но досега не успеала да го натера да замине.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.