Црна хроника
Со автомобил се забил во заштитна метална ограда, повредени три лица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/soobrakjajka.jpg)
Тешко повреден 28-годишен жител на Гостивар откако синоќа со автомобил удрил во метална заштитна ограда на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, пред Ростушки мост. Тој веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле и сопатниците Б.Ш. и Ф.С. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Уапсен 45-годишен скопјанец оти нападнал полицаец на должност
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/DSC_3782.jpg)
Полицијата вчера уапси 45-годишен скопјанец откако нападнал полицаец кој бил на должност.
„На 07.02.2025 во 11.55 часот во Скопје, пред трговски центар на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.С.(45) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“, извести полицијата.
По документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава за напаачот на полицаецот.
Црна хроника
Во Виница пронајден 16-годишниот штитеник на Дом за деца без родители од Штип кој избега пред две недели
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/vinica.jpg)
Синоќа во Виница полицијата го најде 16-годишниот штитеник на мал групен Дом за деца без родители во Штип, кој беше пријавено дека избегал пред две недели.
„На 07.02.2025 во 20.00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го пронашле А.М.(16) од Струмица, штитеник на Мал групен дом за деца без родители и родителска грижа во Штип, а за кој на 24.01.2025 во СВР Штип од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Штип беше пријавено дека се оддалечил од установата“, извести полицијата.
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.