Спорт
Катарските газди се разочарани, сега ќе трошат помалку пари на ПСЖ?

Сопственикот на францускиот шампион Пари Сен-Жермен, „Катар спортс инвестментс“ (QSI), може да се одлучи за намалување на финансиската поддршка за клубот бидејќи бил разочарани од прогресот што е направен, тврдат некои од француските медиуми.
Според весникот „Ле Паризиен“, Тамим бин Хамад ал-Тани, сегашниот политички лидер на Катар, и другите инвеститори, не се задоволни што по огромните инвестиции од 2011 година, единствено може да се пофалат со домашна доминација, а од друга страна, емирот се плаши дека овој неуспех лошо влијае не неговиот имиџ.
Постоеја шпекулации дека QSI е подготвен да се фокусира на друг шампионат, со Рома како прв пример, иако претседателот на италијанскиот клуб, Џејмс Палота, демантира дека има какви било контакти со Катарците.
Минатиот месец, пак, се тврдеше дека QSI има интерес да земе некој англиски клуб од втората лига со голема историја и да го врати во Премиер лигата.
L’émir du Qatar, qui vit de plus en plus mal les critiques, s’interroge sur son engagement au PSG https://t.co/cJxjMZxUg9 pic.twitter.com/qCGzccJalZ
— Le Parisien (@le_Parisien) May 2, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дејвид ќе го предводи нападот на Јувентус

Она за што се зборуваше со денови, во саботата доби потврда, Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
25-годишениот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен агент.
Канадскиот фудбалер, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Дејвид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Тој одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола.
Во моментов се шпекулира дека доаѓањето на Дејвид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Foto/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Спорт
Ферстапен со брилијантен круг до пол-позицијата на Силверстоун“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Велика Британија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Актуелниот шампион стигна до најдоброто стартно место со неверојатен круг и време од 1:24.892 минути, со десетинка предност во однос на Оскар Пјастри во Мекларен.
Вториот возач на Мекларен, Ландо Норис, го имаше третото време, а неговиот сонародник Џорџ Расел од Мерцедес ќе стартува веднаш до него од вториот ред.
Рекордерот по број на победи на „Силверстоун“, Луис Хамилтон, ќе стартува од петтото место. Третиот ред го комплетира неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Следува Андреа Кими Антонели, но возачот на Мерцедес има казна од три позиции и ќе стартува од 10-то место. Осмие е Оли Берман од Хас, зад него се Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Пјер Гасли (Алпин).
Големата награда на Велика Британија е закажана за недела во 16 часот.
Foto/ EPA/PETER POWELL
Спорт
Замена за Влаховиќ? Јувентус донесе нов напаѓач

Она за што се зборуваше со денови сега е официјално потврдено – Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
Овој 25-годишен фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен играч.
Канадскиот фудбалер, кој игра на позицијата напаѓач, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Давид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола. Српските фудбалери Душан Влаховиќ и Филип Костиќ играат за Јувентус.
Моментално се шпекулира дека доаѓањето на Давид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Фото: ЕПА