Македонија
(Видео) Манчевски: Направивме многу за департизација на медиумите, но има уште работа

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната прес-конференција посветена на Денот на медиумите рече дека во изминатите 2 години е направено многу во однос на слободата и департизацијата на медиумите, но дека тоа не е доволно и дека има уште многу работа до целосна реформа за да се дојде до посакуваната цел во однос на работата на медиумите.
„Минатата година направивме доста за слобода на медумите. Се усвои законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што е основа на департизација на медиумите. Имаше жестоки противници од опозицијата, но конечно сите политичари ги тргнаа рацете од медиумите. Ги отстранивме двете забелешки од извештајот на репортери без граници, но ова не е доволно. Се надевам дека следната година ќе имаме уште поголеми резултати“, рече Манчевски.
Тој истакна дека следни за реформи во медиумскиот простор се Националниот радиодифузер и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги. Според него, резултати во овој поглед треба да има до крајот на годината.
Манчевски истакна и дека од доаѓањето на новата власт, односно 1 јуни 2017 година па наваму разрешени се сите случаи каде имало напади врз новинарите, а исто така утврдено е дека во 2018 година за 3 пати е намален бројот на напади врз новинари.
„Сите кои ќе се осмелат да нападнат новинар при работа ќе бидат казнети. Сè уште има многу работа пред нас, но направивме атмосфера на слобода“, вели Манчевски.
Во овој контекст, прашан од новинарите зошто сè уште нема никакви обвиненија за немилиот настан што се случи во Арачиново каде што беше заробена новинарската екипа на една албанска телевизија, Манчевски рече дека треба да се остави повеќе време на надлежните институции за прибирање докази бидејќи нема никаков записник или друг документ кој ќе даде целосна слика за настанот.
„Настанот во Арачиново беше осуден експресно од страна на градоначалничката. Тоа е она што владата може да го направи, а за незадоволството од работата на судот, треба тие да бидат прашани“, рече Манчевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ПРП терапијата за пациентите од пожарот во „Пулс“ е достапна во Кочани, нема да мора да патуваат до Скопје

Десет лица повредени во трагедијата во „Пулс“, за првпат во болницата во Кочани, биле третирани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити), соопшти вечерва директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.
Интервенциите ги извел тим од болницата „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Претходно 9 лица беа третирани од Клиниката за пластична хирургија Скопје.
„Ова е голем чекор напред – ПРП терапијата сега е достапна во Кочани, без потреба од патување до Скопје!“, напиша Клековски на социјалните мрежи.
ПРП е иновативна метода што користи плазма од сопствената крв за да го забрза заздравувањето на оштетената кожа.
Македонија
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати пред членовите на градската организација на партијата во Скопје и ги критикуваше локалните и централните политики на ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче рече дека она што се случува во Скопје е најеклатантен пример на неспособноста, негрижата и корупцијата на власта.
Филипче рече дека пропаста на Скопје е директна последица на пропаднатите зделки меѓу Мицкоски и Арсовска, на блокадите од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на политичката калкулација на Владата која, и покрај тоа што има механизми, свесно го остава градот да се распаѓа.
„Скопјани не смеат да заборават дека Скопје тоне четири години заради пропаднатите бизнис зделки на Мицкоски со Арсовска. ВМРО-ДПМНЕ го држи Скопје во заложништво. Нивните функционери и советници од градот четири години немаат друга работа освен да попречуваат, блокираат и се расправаат со Арсовска. Скопје е најдобар пример за тоа како владее ВМРО-ДПМНЕ, со прст не мрдаат ако од тоа немаат личен и политички интерес. За ова треба да бидат казнети на локалните избори“, истакна Филипче.
Тој се осврна и на Трајко Славески, за кој рече дека како претседавач со Советот, не придонел со ништо за Скопје, но сепак бил награден од ВМРО-ДПМНЕ со функцијата гувернер на Народната банка.
Македонија
Во Кочани ќе се гради споменик во помен на загинатите во „Пулс“

Собеанието со амандман обезбеди 2 милиони денари (околу 32.000 евра) како првични средства за идејно решение и отпочнување на активности за спомен-обележје во чест на младите кои ги загубија животите во трагедијата во дискотеката „Пулс”. Информацијата на социјалните мрежи ја сподели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Ова барање, како што истакнува пратеникот, е координирано со родителите на настраданите и произлегува заедничката желба, макар само дел од болката да се преточи во достоинствено сеќавање, а трагедијата да не се заборави.
Споменикот според планот ќе биде поставен во централното градско подрачје, и ќе биде тивок сведок на болката, но и силна порака за солидарност, сеќавање и обврска да не дозволиме ваква трагедија никогаш повеќе, вели Лефков.
Упати благодарност до Владата што го прифатила амандманот, и до колегите пратеници што ја дале својата поддршка.