Европа
Разбиена криминална платформа на „даркнет“

Германските иследници објавија дека во заедничката акција со САД и Холандија разбиле една од најголемите криминални платформи, која работела на „даркнет“, т.е. дел од интернетот на кој може да се пристапи само со помош на одреден софтвер.
Германската полиција соопшти дека тројца мажи биле уапсени под сомневање дека се одговорни за сајтот „Волстрит маркет”, каде што се продаваат кокаин, хероин, други дроги, кориснички податоци, фалсификувани документи и разни видови малициозен софтвер.
Сопствениците на сајтот зеле од два до шест отсто надоместок во криповалути за рекламирање стоки на нивната страница.
Во денешните рации во Германија се запленети 550.000 евра во готово, криптовалути, сервер, хард-дискови и разни други докази против уапсените, објави АП.
Американските власти уапсија двајца наркодилери во Лос Анџелес, запленија милион долари во готово, оружје и дрога.
Имињата и повеќе детали не се познати во овој момент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Објавено кои санкции ги воведува ЕУ кон Русија: опфатени се и компании од Виетнам, Србија и Турција за кои постои сомневање дека ја снабдуваат руската војска

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за 17-тиот пакет санкции против Русија, кој треба да го потврдат министрите за надворешни работи следната недела. Новиот пакет санкции вклучува речиси 200 нови танкери од таканаречените „флоти во сенка“ што Русија ги користи за да ги заобиколи санкциите.
Станува збор за стари, неосигурени бродови кои користат разни трикови за да го сокријат потеклото на нафтата што ја транспортираат, вклучително и испраќање фалсификувани податоци и исклучување на транспондерите. Се сомнева дека бродовите се користат и за саботажи на подморничката инфраструктура. Досега, 153 вакви бродови се санкционирани и им е забрането да се закотвуваат во европските пристаништа. Сега тој број се зголеми на околу 350 бродови.
30 компании се додадени на листата на санкции поради вмешаност во заобиколување на санкциите, особено кога станува збор за производи со двојна намена. Овие компании ќе се соочат со нови трговски ограничувања. Санкциите ќе ги опфатат и компаниите од земји како Виетнам, Србија и Турција за кои постои сомневање дека ја снабдуваат руската војска.
Додадени се уште 75 поединци и компании поврзани со воено-индустрискиот комплекс. Исто така, се забранува извоз на хемикалии од ЕУ што можат да се користат за производство на ракети.
Заедно со овој пакет, ЕУ ѝ се закани на Русија со „масовни санкции“ доколку одбие да го прифати предлогот за прекин на огнот од 30 дена, поддржан од САД.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја предупреди Москва во вторникот дека ќе се соочи со дополнителни санкции доколку нема вистински напредок кон мир во Украина оваа недела. Мерц го покани рускиот претседател Владимир Путин да седне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Истанбул во четврток за да разговараат за прекин на огнот и евентуално мировно решение.
Европа
(Видео) Путин: Идиоти воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“. Тој ги коментираше санкциите што ЕУ планира да ги воведе врз Русија.
„Се чини дека нема да го направат ова и она затоа што им штети. Но, тие навистина го прават тоа – идиоти. Извинете за изразот. Но, што друго можам да кажам? Водечките светски економии паѓаат во рецесија само за да ни наштетат“, рече Путин.
Putin is really not happy about new sanctions. He calls those imposing sanctions on him “idiots”
“The world economy is going into a recession just to hurt us” pic.twitter.com/Pf9HH8yyd7
— Polymarket Intel (@PolymarketIntel) May 13, 2025
Европската унија го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија, изјави за „Киев Индепендент“ висок функционер на ЕУ, кој побара анонимност. Мерките се насочени кон речиси 200 бродови од руската „флота во сенка“, 30 компании вклучени во избегнување на санкции и 75 санкции против субјекти и поединци поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс и други цели.
Европа
ЕУ го одобри 17-тиот пакет-санкции против Русија, вели извор

Европската Унија го одобри 17-тиот пакет-санкции против Русија, изјави за „Киев индепендент“ висок функционер на ЕУ, кој побара анонимност. Мерките се насочени кон речиси 200 брода од руската флота во сенка, 30 компании вклучени во избегнување санкции и 75 санкции против субјекти и поединци поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс и други цели.
Новиот пакет исто така вклучува мерки насочени кон руските хибридни операции, поточно воспоставување правна основа за дејствување против пропагандните канали или бродови и субјекти вклучени во саботажа на подводни кабли, аеродроми или сервери.
„Значи, гледате каде одиме. Покрај традиционалните секторски и индивидуални санкции, го прошируваме опсегот и поактивно применуваме други видови санкции за да ја погодиме Русија онаму каде што гледаме закани или обиди за заобиколување на постојните мерки“, рече изворот.