Црна хроника
Нема уапсени и повредени по пукањето во Љуботен

Се уште нема уапсени од акцијата која се одвиваше во петок попладне на полициските Алфи во скопско Љуботен, кога дрвокрадци пукаа во нив, потврдуваат од МВР.
Во инцидентот нема повредени лица, а во текот на ноќта продолжила потрагата на специјалната единица Алфи по дрвокрадците кои вчера попладне пукаа со огнено оружје кон полицијата.
Специјалната единица Алфи заедно со шумската полиција, во петокот, вршела контрола на теренот во оваа област, кога во месноста викана Башилец била забележана поголема група луѓе, повеќе кубици дрва, два трактори и патничко моторно возило џип.
Кога ги забележале полицајците, дрвокрадците почнале да пукаат и веднаш заминале во непознат правец. Потрагата во текот на ноќта се одвивала отежнато поради непристапниот терен./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен возачот кој денеска удри 12-годишно девојче во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 39-годишниот Х.Х. од село Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30 часот на булеварот „Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило „голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје.
Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза” каде и била укажана лекарска помош и констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од СВР Скопје, а возачот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка.
Црна хроника
Возило удри во мопед во Скопје: повредени возачот на мопедот и негов сопатник

Вчера околу 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Народни херои“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(34) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Д.(22) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека со телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.Ф.(22) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец уплатил пари за да купи работна машина: останал и без пари и без машина

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“.
На 25.05.2024, едно лице од Тетово стапило во контакт со пријавениот преку социјална мрежа и се договориле да купи работна машина, при што парите му ги уплатил на трансакциска сметка во банка, на едно лице, за која пријавениот тврдел дека е негова сопруга.
Откако парите биле уплатени, оштетениот не успеал да стапи во контакт со пријавениот.