Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ја повика антикорупциската да испита неколку случаи на корупција во Владата
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, ја повика антикорупциската да испита неколку сомнителни случаи на корупција од актуелните функционери на Владата на СДСМ.
„Ги повикуваме и охрабруваме, а воедно и ги поддржуваме антикорупционерите, да ги испитаат следниве случаи на можна корупција во Владата на СДСМ. Да потсетиме дека Фондот за иновации го имаше најкриминалното делење грантови пред 10 месеци. Десетици фирми со блиски конекции до Владата добија грантови во вредност од неколку милиони евра, пари на граѓаните.
Ги повикуваме антикорупционерите да испитаат како првично ѝ беа доделени грантови на фирмата „Каст инвест“, во која што еден од сопствениците е и вицепремиерот Кочо Анѓушев, која што доби над 160.000 евра од Фондот за иновации?
Како печатницата „Гинис“ од Прилеп, чиј сопственик е пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец, доби 10 милиони денари грант од Фондот за иновации?
Како беше можно баш снаата на Цветанка Ласкова, која е советничка на Заев, да добие дури 360 илјади евра државни пари за фирмата за информатичка технологија „Декодиск“, која планирала да развие апликација?
Како беше можно баш претседателот на ОО Кавадарци, Горан Тодоров, да добие 296.000 евра од Фондот за иновации за нова амбалажа и вкус на алое вера за фирмата „Кодинг – Горска“ ДООЕЛ?
Како беше можно баш Александар Семенпеев, советникот на СДСМ во Општина Богданци, кој е и сопственик на печатницата „Софија“ ДООЕЛ Богданци, да добие грант од Фондот за иновации во вредност од 1 милион денари.
Како беше можно баш фирмата „Т-сенс“ во која малцински сопственик е сопругата на министерот за култура, Асаф Адеми, да добие грант од 65 илјади евра за иновација за софтвер за продажба на производи на скандинавскиот пазар?
Јавното обвинителство за истите овие случаеви отвори постапки кои никогаш повеќе не беа споменати, односно беа само со една цел да се замае и дефокусира јавноста, па еве им простор на антикорупционерите ако се подготвени да ја спречат корупцијата, да ги отворат овие случаи и да ги сведат до самиот крај“, порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.
На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.
Македонија
Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација
Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.
Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.
– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.
Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија од вчера функционира кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.
За дополнителни информации и помош, на располагање се:
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546.
Македонија
Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.
Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.
Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.
Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.
-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.

