Компании
ЕВН: Најпогодените населени места од невремето добиваат електрична енергија
Најпогодените населени места од големото невреме во скопскиот регион добиваат електрична енергија, информираат од ЕВН.
Екипите на ЕВН Македонија под напон ги ставаат трафостаниците во селата Стајковци, Смиљковци, Инџиково, Сингелиќ, Економија, како и населбите Ченто, Илинден и др. Се приклучува трафостаница по трафостаница и корисник по корисник со цел да се избегнат несакани последици по животот и имотот на граѓаните. „Се апелира до граѓаните да ги спуштат надолу осигурувачите ако имаат нови спратни табли или да ги извадат осигурувачите ако имаат од постариот тип на спратни табли. Ова мора да се почитува за да се избегнат несакани последици бидејќи во домовите има мокри ѕидови и влажни електрични апарати и кабли. За да се избегнат несреќи од ваков вид граѓаните да не преземаат ништо на своја рака и да бидат во целосна координација со екипите на ЕВН Македонија“, велат од компанијата. Делот од населените места каде немаше големи поплави веќе е под напон, освен одредени улици каде проводниците и трафостаниците сѐ уште се под вода. Во кризниот регион под напон се над 10.000 корисници. Без напон може да останат само местата каде не е безбедно да се пушти напон и корисниците кои сами не сакаат да бидат приклучени додека не ја санираат внатрешната инсталација. Интензивно се работи и на оспособување на уличното осветлување во критичните региони за екипите кои ги расчистуваат шутот и водата од домовите и улиците да може да работат и во ноќните часови. Екипите на ЕВН ќе останат постојано на терен во најкритичниот регион со над 80 електромонтери, вклучувајќи и надворешни фирми партнери на ЕВН со кои ќе работат заедно со полицијата, војската, волонтерите и другите јавни претпријатија на расчистување на последиците од невремето. Во претходинте денови ЕВН Македонија донираше агрегати со чија помош се обезбеди осветлување за една амбулнта и други специфични објекти во кризниот регион, а донираше и парични средства на жиро сметката на Црвениот крст за помош на граѓаните од поплавените подрачја во скопскиот и тетовскиот регион. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)