Спорт
Медиумите му бараат наследник, а Валверде ја има поддршката од Меси

Ќе биде ли Ернесто Валверде и наредната сезона тренер на Барселона? Одговорот на ова прашање е она што најмногу ги интересира медиумите и сите навивачли на славниот клуб.
Валверде во февруари го продолжи својот договор, меѓутоа сензационалната елиминација од Ливерпул во полуфиналето во Лигата на шампионите ги разниша неговите позиции во клубот.
Иако лани ја освои двојната круна, а во тековната сезона Барса веќе ја одбрани титулата и ќе игра финале во домашниот куп, многумина сметаат дека Валверде нема капацитет за да направи значаен резултат во Лигата на шампионите.
Лани, Барселона против Рома во четврт-финалето испушти предност од 4:1, а оваа сезона против Ливерпул не ѝ беше доволна ниту предноста од 3:0 за да се пласира во финалето.
Медиумите шпекулираат со имињата на двајца тренери како можни наследници на Валверде. Според клупската филозофија, двајцата се од Холандија, а еден е клупска легенда.
Роналд Куман е човекот што на Барселона ѝ ја донесе првата титула во Лигата на шампионите, тој е актуелен селектор на Холандија и во моментот ги прави последните планови за настап на „лалињата“ на завршниот турнир во најсилната група во Лигата на нациите, што ќе се одржи на почетокот на наредниот месец.
Доколку 56-годишниот тренер ја одбие понудата, тогаш втор пик ќе биде Ерик Тен Хаг, човекот што правеше чуда со Ајакс во Лигата на шампионите. Тех Хаг во средата немаше среќа да се пласира со Ајакс во финалето.
Пречка за евентуалното доаѓање на еден од овие двајца може да биде Лионел Меси. Според каталонските медиуми, Аргентинецот на челниците им кажал дека Валверде треба да остане на клупата и наредната сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бруно промаши пенал, Јунајтед не успеа да победи кај Фулам

Фулам и Манчестер јунајтед одиграа 1:1, во последниот денешен напревар, одигран во рамките на второто коло во Премиер лигата.
Манчестер јунајтед продолжи онаму каде што застана минатата сезона. Ниту скапите засилувања не ја подбрија играта на „црвените ѓаволи“. Кај Фулам, Јунајтед имаше подобри панси но не успеа да му зададе удар на противникот.
Матеуш Куња во првиот дел ја погоди стативата, а во 38.минута капитенот Бруно Фернандеш не реализира пенал. Ужасно шутираше Португалецот, ударот заврши над голот.
Јунајтед успеаја да постигнат гол, во 58.минута по ударот на Јоро, топката го погоди Муниз го смени правецот и заврши во голот.
Фулам изедначи во 73.минута. Стрелец беше Смит-Роу кој нецели 120 секунди претходно влезе во игра.
Спорт
Го избркаа од Марсеј, тој потпиша за Болоња

Младиот англиски крилен играч Џонатан Роу се пресели од Олимпик Марсеј во Болоња.
Роу претходно беше ставен на трансфер листата во францускиот тим откако се степа во соблекувалната цо соиграчот Адриен Рабио, по поразот во Рен.
И двајцата беа суспендирани поради недисциплина, а Роу веќе си најде нов клуб. Овој поранешен играч на Норич одигра десет натпревари за младата репрезентација на Англија и постигна три гола.
Во Болоња ќе има биде замена за Дан Ндоје, кој замина во Нотингем Форест.
Спорт
(Видео) Грилиш како во најдобрите денови, го водеше Евертон до победа над Брајтон

Фудбалерите на Евертон имаа совршено деби на својот нов стадион. По неубедливиот настап и поразот против Лидс во првото коло, играчите на Евертон значително го подобрија впечатокот со победата над Брајтон (2:0)..
Од самиот почеток на натпреварот, Дејвид Мојс на теренот го испрати најзвучното засилување во летниот преоден рок, Џек Грилиш.
Поранешниот играч на Манчестер сити, забележа две аситенции. Во 23-та минута, брилијантно проигра покрај Ендиае, кој со прецизен удар му донесе водство на Евертон.
Уште една магија на Џек Грилиш во 52-та минута, кога му намести гол на Џек Гарнер.
Брајтон можеше да внесе драма во финишот на натпреварот, но Дени Велбек промаши пенал, поточно, голманот Џордан Пикфорд го одбрани ударот од белата точка.
Во следното коло, Евертон ќе гостува кај Вулверхемптон, додека Брајтон има тешка задача пред себе, бидејќи се соочува со Манчестер сити.