Спорт
„Финале против Челси за совршен крај на кариерата“
Голманот на Арсенал, Петр Чех, по изборениот пласман во финалето во Лига Европа, рекол дека не можел да посака подобар крај на кариерата. Арсенал на 29 мај за титулата ќе се бори против Челси, клуб во кој Чех мина 11 години.
Арсенал во полуфиналето со вкупен резултат 7:3 ја елиминира Валенсија, а Челси дури по изведувањето пенали, славеше над Ајнтрахт од Франкфурт.
„Пркрасен крај на мојата кариера ќе биде натпреварот против мојот поранешен клуб во финалето во Лига Европа“, рекол Чех и додал:
„Постојат денови кога играте добро и тогаш си мислите дека треба да продолжите да играте, но јас мислам дека донесов добра, балансирана одлука. Можев да останам во фудбалот уште две години, но повеќе сакам да се повлечам сега отколку кога ќе биде предоцна. Сакав да заминам по мои услови. Мојот последен сон беше да играм во финалето во Лига Европа. Тое се оствари, сега сонот ми е да го освојам трофејот“.
37-годишниот Чех во 2013 година со Челси ја освои Лига Европа, а годината претходно стигна и до пехарот во Лигата на шампионите. Дресот на Арсенал поранешниот репрезентативец на Чешка го носи од 2015 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Во сообраќајна несреќа тешко повреден Бабнгида, брат му загина, сопругата и детето се во критична состојба
Поранешниот нигериски фудбалер Тијани Бабангида (50) имал тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Нигерија, а во несреќата загинал неговиот три години помлад брат Ибрахим.
Тијани, неговата сопруга, син и куќна помошничка, кои исто така биле во автомобилот, со тешки повреди биле примени во болница.
Некои медиуми тврдат дека Тијани е свесен, а остатокот од семејството сѐ уште е во критична состојба, но закрепнува.
Тијани Бабангида беше репрезентативец на Нигерија од 1994 до 2004 година и играше на Светското првенство во 1998 година, а најголема трага во клупскиот фудбал остави во Ајакс во периодот од 1996 до 2003 година.
Тијани моментно е претседател на Здружението на професионалните фудбалери на Нигерија. Фудбал играше и трагично загинатиот Ибрахим. Најмногу играше за африкански клубови, но стигна и до холандски Волендам.
Спорт
Евролига: Прочида најдобар млад играч
Кошаркарот на Алба од Берлин, Габриеле Процида е прогласен за најдобар млад играч на Евролигата, објавено е на веб-страницата на елитното натпреварување.
Прочида е третиот Италијанец кој ја освоил престижната награда, по Андреа Барњани (2005/06) и Данило Галинари (2007/08).
Талентираниот кошаркар имаше голема конкуренција за наградата, особено од неговиот соиграч од Алба и сонародник Матео Спањоло.
Сепак, тој имаше поголема улога во тимот, поради што и го доби признанието кое го изгласаа тренерите на екипи во Евролигата.
Оваа сезона имаше просек од 8,3 поени, 1,6 скока и 1,4 украдени топки.
Сезонава 10 пати имаше двоцифрен учинок, а најдобра партија ја имаше против Макаби, кога мечот го заврши со 22 поени и три украдени топки.
Спорт
Дест се враќа во Барселона – ПСВ нема да го откупи неговиот договор
Сержињо Десет како позајмен од Барселона во ПСВ ја освои титулата во Холандија со клубот од Ајндховен. Сепак ПСВ нема да го откупи неговиот договор и покрај тоа што во клубот биле задоволни од неговите изданија. Причината е повредата на коленото од која репрезентативецот на САД се уште не се рехабилитирал.
Дест во јуни ќе се врати во Барселона каде ќе ја продолжи со рехабилитацијата по операцијата на коленото во Холандија.
Дест се пресели од Ајакс во Барселона во 2020 година, вкупно за Барселона одигра 72 натпревари и постигна три гола.
Тој минатата сезона замина на позајмица во Милан, незадоволен од својата минутажа во Барселона, а оваа сезона ја мина на позајмица во ПСВ.
Се очекува тој да се врати на терените на почетокот на 2025 година.