Спорт
Портланд и Филаделфија изборија мајсторки (Видео)
Портланд Трејлблејзерс и Филалделфија ’76 изборија мајсторки во полу-финалните серии во НБА лигата. Портланд со победата 119:108 го израмнија резултатот на 3-3 во серијата со Денвер Нагетс, а Филалделфија обезбедија седми меч против Торонто Репторс со победата 121:101.
Портланд првата четвртина им ја препуштија на гостите од Денвер, а кога се разиграа Лилард, Мекалум и Худ го фатија вистинскиот ритам. Со неколку серии ја одржуваа двоцифрената разлика, а во со серијата 13:5 во последната четвртина кога стигнаа до 104:90 го решија победникот.
Лилард постигна 32 поени, 17 од нив реализираше во третата четвртина, Мекалум заврши со 30, а Худ со 25 поени.
На спротивната страна Никола Јокиќ одигра уште еден брилијантен меч (29 поени, 12 скока, 8 асистенции), Џамал Мареј имаше 24 поени и 10 скока. Потфрлија резервите на Денвер кои погодија само четири од 18 обиди.
Филаделфија од стартот наметна ритм против Торонто, на полувреме имаа предност 58:43, а прашањето на победникот го решија на почетокот на последниот период кога ја достигнаа максималната предност од 24 поени (95:71).
Џими Батлер уште еднаш беше најдобриот играч на Филалдлелфија (25 поени, 6 скока, 8 асистенции), Џоел Ембид забележа дабл-дабл од 17 поени и 12 скока, а се „разбуди“ и Бен Симонс со 21 поен, 8 скока и 6 асистенции.
Торонто го предводеше Каваи Ленард со 29 поени, 12 скока и 5 асистенции. Ова беше првиот меч во серијата на кој Ленард постигна помалку од 30 поени.
Решавачкиот меч се игра в недела од 22 часот во Торонто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Во сообраќајна несреќа тешко е повреден Бабнгида, неговиот брат загина, сопругата и детето се во критична состојба
Поранешниот нигериски фудбалер Тијани Бабангида (50) имал тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Нигерија, а во несреќата загинал неговиот три години помлад брат Ибрахим.
Тијани, неговата сопруга, син и куќна помошничка, кои исто така биле во автомобилот, со тешки повреди биле примени во болница.
Некои медиуми тврдат дека Тијани е свесен, додека остатокот од семејството се уште е критичено, но се опоравува.
Тијани Бабангида беше репрезентативец на Нигерија од 1994 до 2004 година и играше на Светското првенство во 1998 година, а најголема трага во клупскиот фудбал остави во Ајакс, во периодот од 1996 до 2003 година.
Тијани моментално е претседател на Здружението на професионални фудбалери на Нигерија. Фудбал играше и трагично загинатиот Ибрахим. Најмногу играше за африкански клубови, но стигна и до холандски Волендам.
Спорт
Евролига: Прочида најдобар млад играч
Кошаркарот на Алба од Берлин, Габриеле Процида е прогласен за најдобар млад играч на Евролигата, објавено е на веб-страницата на елитното натпреварување.
Прочида е третиот Италијанец кој ја освоил престижната награда, по Андреа Барњани (2005/06) и Данило Галинари (2007/08).
Талентираниот кошаркар имаше голема конкуренција за наградата, особено од неговиот соиграч од Алба и сонародник Матео Спањоло.
Сепак, тој имаше поголема улога во тимот, поради што и го доби признанието кое го изгласаа тренерите на екипи во Евролигата.
Оваа сезона имаше просек од 8,3 поени, 1,6 скока и 1,4 украдени топки.
Сезонава 10 пати имаше двоцифрен учинок, а најдобра партија ја имаше против Макаби, кога мечот го заврши со 22 поени и три украдени топки.
Спорт
Дест се враќа во Барселона – ПСВ нема да го откупи неговиот договор
Сержињо Десет како позајмен од Барселона во ПСВ ја освои титулата во Холандија со клубот од Ајндховен. Сепак ПСВ нема да го откупи неговиот договор и покрај тоа што во клубот биле задоволни од неговите изданија. Причината е повредата на коленото од која репрезентативецот на САД се уште не се рехабилитирал.
Дест во јуни ќе се врати во Барселона каде ќе ја продолжи со рехабилитацијата по операцијата на коленото во Холандија.
Дест се пресели од Ајакс во Барселона во 2020 година, вкупно за Барселона одигра 72 натпревари и постигна три гола.
Тој минатата сезона замина на позајмица во Милан, незадоволен од својата минутажа во Барселона, а оваа сезона ја мина на позајмица во ПСВ.
Се очекува тој да се врати на терените на почетокот на 2025 година.