Контакт

Македонија

Диво Насеље памети, и по четири години траумите сè уште свежи  

Објавено пред

По четири години од вооружениот конфликт во кумановското Диво Насеље, животот тече нормално. Наместо разрушени и изрешетани куќи, на улицата Перо Илиевски, каде што се одвиваа вооружените престрелки, животот тече нормално. Изградени се нови домови, во модерен стил,  со средства од држвата и од донации. Но, жителите велат – да, точно е, нови се куќите, но свежи се сеќавањата на кобните настани од 9 и 10 мај. За разлика од тогаш, овој пат жителите на Диво Насеље не беа многу расположени да евоцираат спомени. Велат дека им паѓа тешко да се враќаат назад затоа што вооружените престрелки им ги враќаат траумите.

dobivaj vesti na viber

„Никогаш повеќе да не ни случи Диво Насеље, не само на Куманово, туку никаде во светот. Овој настан засекогаш ќе остави трага во нашите животи, колку и да сакаме да зборавиме, не е возможно. Ние и ден-денеска се прашуваме што навистина се случи, од каде и зошто, кој се обиде да ни го наруши мирот? Но, среќен сум што не нè поведеа омразата и гневот, останавме разумни и не дозволивме никој да нè во вовлече во таа игра ако можам така да ја наречам“, изјави претседателот на Месната заедница „Тоде Мендол“, Шабан Демири, за „Макфакс“.

За настаните од 9 мај неми сведоци останаа четири куќи изрешетани од шрапнели, кои не беа реновирани поради вмешаност на сопствениците во терористичкиот напад.

Куманово во кобните денови

Звуци од истрели и пукотници од бомби… Пред точно четири години на 9 мај жителите на Куманово вака го дочекаа утрото. За само неколку часа, стана јасно дека во близина на градот, поточно во кумановското Диво Насеље, се одвива вооружена престрелка. Гореа куќи, градот го надлетуваа полициски хеликоптери, а оклопни возила на полицијата и специјалците ги блокираа влезот и излезот од населбата. Од мирно и раздвижено, Куманово се претвори во место на страв, паника и загриженост.

Вознемирени жени и лица на расплакани деца беа сликите што го одбележаа кобниот 9 мај кога полицијата ги извлекуваше од куќите каде што се одвиваше акцијата за разбивање на терористичката група.

„Се водеше војна, летаа куршуми на сите страни. Се скривме во подрумот и молчевме. Не знаевме што се случува. Децата цело утро плачеа“, вака некои од жителите на населбата Диво Насеље го опишаа почетокот на крвавата престрелка.

Светла точка во приказната за настаните од 9 и 10 мај е што тој не успеа да ги раскара граѓаните и да заврши со меѓуетнички конфликт. Напротив, во овие денови Македонците и Албанците беа заедно и порачуваа до т.н. нарачатели на настанот дека идејата за земање пушка во рацете нема да им успее. Тензичните 28 часа додека траеше акцијата, жителите ги поминаа заедно на неколку пункта, каде што се делеше вода, храна и меѓусебно се храбреа дека оваа е само кошмар кој набргу ќе заврши.

Хронологија и епилог на настаните

 

На настаните од 9 и 10 мај им претходеше инцидентот во караулата „Гошинце“ кон крајот на април 2015 година. Четириесет маскирани и вооружени лица со ознаки на УЧК ја нападнаа караулата во која имаше четворица дежурни полицајци и ги разоружаа. На тројца од нив им ги врзаа рацете со лисици, почнаа да ги удираат, а сетоа тоа го снимаа на камера.

Тогашниот портпарол на МВР, Иво Котевски, изјави дека во два и пол часот по полноќ во селото Гошинце, општина Липково, бил извршен државен терористички напад.

Две недели подоцна, во населбата Тоде Мендол или меѓу кумановци позната како Диво Насеље, почна акцијата за разбивање на терористичката група. Вооружените престрелки помеѓу терористичката група и македонските специјални сили траеја 28 часа, од 4 часот наутро на 9 мај до 10 часот вечерта на 10 мај, по што групата беше разбиена.

Во првичните разговори со лицата, кои претходно ѝ се предадоа на полицијата, било посочено дека цели на групата биле напади на државни и цивилни цели, кои би почнале со спроведување од средината на мај.

Во вооружената престрелка од страна на македонските безбедносни сили загинаа осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а беа повредени 37 други полицајци во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба. На страната на терористите на самото место беа пронајдени 10 мртви тела во униформи. По извршената обдукција, беше потврдено дека се убиени девет косовски и еден македонски државјанин.

Лидери на акцијата беа убиените Мирсад Ндрецај и Бег Ризај со Мухамед Kрасниќи, познат како Командант Малишева, Сами Укшини познат како Командант Соколи и Дем Шаху – Командант Јануку. По акцијата, МВР информира дека оваа група била закана за целиот регион, која претходно извршила многубројни напади, а нејзините членови биле барани со меѓународни потерници.

Една година подоцна полицијата ја спроведе акцијата „Молња“, во која уапсени беа седум лица на возраст од 20 до 74 години, од кои три се од кумановското село Отља, две од скопско Брест и по едно од Арачиново и Матејче. Во домовите на осомничените беа пронајдени карти на голема Албанија, оружје и муниција.

По ова, следуваше судска постапка, во која беа обвинети 40-ина лица за кривично дело тероризам.

Процесот заврши со првостепена пресуда од 7 доживотни затворски казни, 13 казни од 40 години затвор, шест се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, а по двајца затвор од 14 и 13 години. Четворица од групата се ослободени од обвиненијата поради немање доволно докази, а на шеснаесет обвинети судот им изрече и казна протерување странец засекогаш од територијата на државата. Предемотот е обжален на Апелација и се очекува седница за затворските казни.

 

 

Македонија

Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Објавено пред

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Објавено пред

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.

dobivaj vesti na viber

Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.

МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Објавено пред

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.

dobivaj vesti na viber

Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.

Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.

Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Камион излета од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

Од 17:10 часот магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај место викано Самоков е во прекин за сите возила...

Македонија7 часа

Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат

Странските експерти сѐ уште не се вклучени во анализата дали во 13 пријавени случаи имало непотребно направени операции на срце по...

Македонија8 часа

Членка на Судскиот совет користела патни трошоци иако немала право: МВР поднесе кривична пријава

На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и...

Македонија8 часа

Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката  

Лекари од кај нас ќе одат на обуки и во Италија и во Австрија покрај Словенија за каде што веќе...

Македонија9 часа

(Видео) Костовски и оваа изборна кампања ветува поликлиника во Бутел: За два месеца, ќе почне да се гради, за 18 месеци ќе да биде завршена

За два месеца, ќе биде поставен камен-темелник за нова поликлиника во Бутел, а ќе биде изградена за 18 месеци, најавија...

Македонија9 часа

(Видео) Редиците пред шалтерите треба да бидат минато, целта ни е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, најави Мицкоски

Живееме во време кога дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и на напредок. Западен Балкан не...

Македонија11 часа

МВР го објави регистарот на напади врз новинари

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница постави линк до регистарот на напади врз новинари, кој води до страницата на...

Свет13 часа

Трамп бара универзитетите да го ограничат запишувањето странски студенти ако сакаат федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара од американските универзитети да потпишат договор што ги содржи условите за добивање преференцијален пристап...

Свет13 часа

Израелски министер: Палестинците што ќе останат во градот Газа ќе се сметаат за терористи

Израелската влада им нареди на сите преостанати Палестинци да го напуштат градот Газа. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, рече...

Свет14 часа

Финскиот премиер предупредува на руски закани за цела Европа

Европската Унија треба да преземе невидени овластувања за да се одбрани од сè поизразените закани од Русија, изјави финскиот премиер,...

Свет14 часа

Г7: Ќе ги таргетираме оние што ќе продолжат да купуваат руска нафта

Министрите за финансии на Г7 изјавија дека ќе преземат заеднички чекори за зголемување на притисокот врз Русија, таргетирајќи ги земјите...

Македонија14 часа

(Видео) Израелската војска упадна на бродовите што пловат кон Газа, уапсена Грета Тунберг

Израелските сили се качија на неколку бродови од флотилата „Глобал Сумуд“ и ги превезоа активистите во израелско пристаниште, разбивајќи протест...

Свет1 ден

Орбан предупредува: Една грешка и Европа гори

Третата светска војна може да започне во секое време ако една од големите сили направи грешка, изјави унгарскиот премиер Виктор...

Македонија1 ден

Сијарто: ЕУ применува двојни стандарди кон Македонија и Србија, а Украина се турка на сила

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Европската унија очигледно применува двојни стандарди кога станува збор за...

Свет1 ден

Украина може да го порази Путин со беспилотни подводни дронови, тврди пензиониран американски генерал

Русија може да биде протерана од Украина доколку се употребат експлозивни подводни дронови, тврди еден од водечките пензионирани американски генерали,...

Македонија1 ден

Поради пад на температурите, грејната сезона почнува две недели порано

АД ЕСМ информира дека од утре, 2 октомври, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во...

Топ1 ден

Крадци отворале паркомати на повеќе локации во Скопје

Денеска, во полицијата од Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ било пријавено дека во раните утрински часови две лица со употреба...

Македонија1 ден

„Политико“: Бугарија би можела да му се придружи на Орбан во блокадата на Украина, за да го зачува ветото кон Македонија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, би можел да најде поддршка од повеќе земји во обидот да ја задржи блокадата за...

Македонија1 ден

Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Студирањето во својата земја е најдобар избор

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил...

Македонија1 ден

Судењето за „Онкологија“ одложено, одбраната бара Коцевски да ја преземе постапката

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, е...