Црна хроника
Кочанец ограбен во трговски центар: Напаѓачот го онесвестил и му одзел 500 евра, клучеви и картички од банки
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/policija.jpg)
Четириесет и осумгодишен маж од селото Спанчево бил ограбен утрово околу шест часот во тунелот во Трговскиот центар во Кочани, од страна на непознато лице.
МВР соопшти дека според ограбениот, напаѓачот го фатил за врат, по што тој изгубил свест и паднал на земја. Кога се освестил забележал дека од џебовите му биле одземени околу 30.000 денари, клучеви од возило и картички од неколку банки на негово име.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Во Илинден приведен крадец баран со потерница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/lisici-1.jpg)
Попладнево во населба Илинден во Скопје, полициски службеници од Оперативениот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Т.(47) од населба Илинден. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и четири месеци за сторено кривично дело “тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
Црна хроника
Уапсен 45-годишен скопјанец оти нападнал полицаец на должност
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/DSC_3782.jpg)
Полицијата вчера уапси 45-годишен скопјанец откако нападнал полицаец кој бил на должност.
„На 07.02.2025 во 11.55 часот во Скопје, пред трговски центар на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.С.(45) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“, извести полицијата.
По документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава за напаачот на полицаецот.
Црна хроника
Во Виница пронајден 16-годишниот штитеник на Дом за деца без родители од Штип кој избега пред две недели
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/vinica.jpg)
Синоќа во Виница полицијата го најде 16-годишниот штитеник на мал групен Дом за деца без родители во Штип, кој беше пријавено дека избегал пред две недели.
„На 07.02.2025 во 20.00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го пронашле А.М.(16) од Струмица, штитеник на Мал групен дом за деца без родители и родителска грижа во Штип, а за кој на 24.01.2025 во СВР Штип од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Штип беше пријавено дека се оддалечил од установата“, извести полицијата.