Спорт
Ѓер се ракометни шампионки во Европа, третпат по ред (видео)
Тимот на Ѓер од Унгарија по третпат во низа го освојува пехарот за најуспешна ракометна екипа во женска конкуренција. Предмалку ракометарките на унгарскиот шампион во финалето во Будимпешта го совладаа рускиот преставник Ростов Дон со 25-24, на полувремето беше 15-11.
Oва претставува петта освоена титула во последните шест години за ракометарките на Ѓер.
Во првите дваесетина минути се играше изедначено, на моменти Русинките беа подобри па преку Абинг и Виехурева дојдоа и до водство. Сепак искусните домашни ракометарки се консолидираа, и го презедоа водството, па на полувреме заминаа со пристојни 4 гола предност.
Во вториот дел Ѓер цело време одржуваше разлика од 3-4 гола предност се до последните десетина минути кога ракометарките на Ѓер не успеваа во неколку наврати да го пронајдат патот до противничката мрежа.
Ростов се доближи и се влезе во неизвесна завршница. За тоа придонесоа и двата црвени картони за домашните ракометарки, за Грот, а подоцна и за Аморим.
Инфаркт завршница и бркотница по теренот. На 25 секунди до крај Ростов погоди пенал за 24-25.
Унгарките по тајм-аутот не ги послушаа советите на тренерот, брзо биеја, непрецизно, по што останаа десетина секунди за напад за израмнување и продолженија.
Сепак Русинките како да се исплашија од можноста, немаа ориентација уште колку време има до крајот на мечот и шансата отиде во неповрат.
Најдобри поединки кај Ростов-Дон беа Абинг со 7 гола и Манагарова, односно Вјахирева со 5, додека кај победничките македонската снаа, Едуарда Аморим постигна седум, а ветеранката Горбич шест погодоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Бирмингем гради спектакуларен стадион, планот е и да го врати Белингем
Кон средината на октомври, креаторот на популарната серија „Peaky Blinders (Пики Блајндерс)“, Стивен Најс, објави дека е дел од тимот што го подготвува проектот за изградба на новиот стадион на Бирмингем Сити. Проектот е презентиран и изгледа навистина спектакуларно.
Не станува збор само за стадион, како што беше првично најавено. Проектот вреди 1,36 милијарди евра. Претседателот на клубот, Том Вагнер, е убеден дека стадионот, кој ќе има 62.000 седишта, ќе го подигне клубот на многу повисоко ниво, како што рече „до самиот врв на светскиот фудбал“.
Стадионот „Powerhouse (Пауерхаус)“, како што ќе се нарекува, треба да биде завршен и отворен во 2030 година, а во Бирмингем се надеваат и дека еден ден во клубот ќе се врати и Џуд Белингам.
The Birmingham City Powerhouse.
A stadium that draws upon the proud heritage of the West Midlands – a heritage of industry, ingenuity and growth. pic.twitter.com/P0cnmZ0TJM
— Birmingham City FC (@BCFC) November 20, 2025
Засега, Белингам се согласи да учествува во промотивни видеа за новиот стадион.
„Мислам дека Џуд е најголемиот играч на планетата денешнината, а сè уште не сме го виделе неговиот целосен потенцијал. Тој е одличен не само како играч, туку и поради она што го прави за заедницата, што може да го направи како лидер. Кога би можеле да му дадеме платформа да го достигне својот целосен потенцијал, тоа би била одлична приказна. Одлична приказна за Бирмингем, за Англија, одлична приказна за враќање дома“, рече Вагнер.
Амбициите на Бирмингем пораснаа откако клубот беше преземен од корпорацијата Кингтајд, со поддршка на легендарниот Том Брејди. Иако сега се на 11-то место на табелата во Чемпионшип, сите во клубот веруваат дека е само прашање кога клубот ќе се врати во Премиер лигата.
Вагнер, како и Стивен Најт, се надеваат дека изградбата на комплексот ќе го промени целиот град засекогаш.
Најавено е дека комплексот ќе биде во функција 365 дена во годината. Самиот стадион е дел од спортски комплекс кој ќе вреди помеѓу 2,8 и 3,4 милијарди евра. Комплексот ќе вклучува и станбени згради, продавници, канцелариски простор, хотели и објекти за забава.
Спорт
(Видео) Магијата на Мектомини е подобра и од онаа на Роналдо
Шкотска, во вторникот, во спектакуларен меч, со победата над Данска (4:2) избори диретен пласман на Светското првенство.
На „Хемпден парк“ во Глазгов, првиот гол го постигна Скот Мектомини во четвртата минута. Ремек делото на фудбалерот на Наполи и три дена по натпреварот се уште е тема во фудбалскиот свет.
Мектомини го искористи центаршутот на Бен Доук од десната страна и ножички го совлада искусниот Каспер Шмајхел.
Majestic. Magic. McTominay.#WCQ | @ScotlandNT pic.twitter.com/SRvJznFuqy
— UEFA EURO (@UEFAEURO) November 20, 2025
Тој гол ѝ го отвори патот на Шкотска до Светското првенство, а статистичарите пресметаа дека Мектомини ја удрил топката на висина од 2,53 метри.
Фактот дека го надминал познатиот потег на Роналдо од четвртфиналето на Лигата на шампионите во сезоната 2017/2018 за 18 сантиметри, доволно зборува каков гол постигна Мектомини.
Мајсторијата на Мектомини ќе се памети како еден од најдобрите голови во историјата на квалификациите за Светското првенство.

Спорт
(Видео) Личен рекорд на Мекси и победа на Филаделфија во Милвоки
Тајрис Мекси одигра спектакуларен меч во Милвоки, ја водеше Филалделфија до победата, по едно продолжение (123:114). Бекот на Филаделфија мечот го заврши со 54 поени. Милвоки играше без најдобриот играч, Јанис Адетокумбо, кој ќе отсуствува најмалку две недели поради повреда.
Во првото полувреме, двата тима имаа своја четвртина. Прво, Филаделфија дојде до двоцифрена разлика, но Милвоки се врати и на полувреме замина со предност од два поени.
Неизвесно беше во вториот дел, регуларниот дел заврши со 106:106. Макси успеа да избори дополнителни пет минути, а во продолжението со помош на Џастин Едвардс, му ја донесе победата на својот тим.
Покрај Макси, Пол Џорџ постигна 21, Квентин Грајмс додаде 14.
Бакс ги предводеше Ролинс со 32 поени и 14 асистенции, Боби Портис постигна 19, а Кајл Кузма постигна 17 поени.
Резултати:
Орландо – Лос Анџелес Клиперс 129:101
/Сагс 23 – Харден 31/
Мемфис – Сакраменто 137:96
/Алдама 29 – Лаваин 26/
Милвоки – Филаделфија 114:123
/Ролинс 32 – Макси 54/
Сан Антонио – Атланта 135:126
/Фокс 26 – Александар-Вокер 38/

