Спорт
Гол на Барди за Леванте во 86 минута, за опстанок во Примера (видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди е јунакот на Леванте. Погоди во 86 минута за 1-2 кај Џирона и му донесе на својот тим 3 важни бода за опстанок во Примера.
Леванте со денешната победа на едно коло до крајот има загарантиран прволигашки статус и наредната сезона во најквалитното друштво.
Домаќинот Џирона поведе со 1-0 во 60 минута, стрелец Стуани. Леванте израмни со погодокот на Моралес само 2 минути по негативата. Барди ги постави конечните 1-2.
Леванте има 43 бода на табелата, на 15. место во Примера, а Џирона со 37 бода е многу блиску до преселба во втора лига.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
По УЕФА и КОНКАКАф го одби Гренланд
Фудбалскиот сојуз на Гренланд (КАК), објави дека одбиено е нивното барање за членство во КОНКАКАФ, фудбалската конфедерација што ги обединува земјите од Централна, Северна Америка и Карибите.
„Добивме кратко писмо од генералниот секретар Филипе Моџо со кое се одбива нашето барање за приклучување кон КОНКАКАФ како 42-ра земја членка“, изјави претседателот на КАК, Кенет Клајст, во соопштение објавено на Фејсбук.
Фудбалскиот сојуз на Гренланд аплицираше за членство пред една година, во време кога автономниот дански регион стана предмет на политички интерес од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
КАК, основана во 1971 година, побара да се приклучи на КОНКАКАФ откако стана јасно дека не може да ги исполни критериумите за независност поставени од Европската фудбалска унија (УЕФА).
Според КАК, Гренланд е единствената територија во светот што не е дел од ниедна регионална фудбалска федерација, што го спречува да учествува во официјални меѓународни натпревари.
За Клајст, одбивањето од страна на КОНКАКАФ претставува „пораз за демократијата во фудбалот“.
„Оваа одлука не придонесува фудбалот да биде достапен за сите во светот и покажува колку е тешко за малите нации да добијат дозвола да играат под свое знаме“, додаде Клајст во соопштението.
Спорт
Ливерпул ги урна сите рекорди – Вирц на „Енфилд“ за 150 милиони евра

Флоријан Вирц кариерата ќе ја продолжи во Ливерпул. Баер Леверкузен успеа да ја извлече бараната сума од „црвените“ за својот најдобар играч. Трансферот, во кој се вклучени и бонусите ќе изнесува 150 милиони евра.
Најталентираниот германски фудбалер во овој момент, 22-годишниот Вирц ќе влезе во историјата. Неговиот излезен трансфер е најголем во историјата на Бундес лигата, во исто време најголем трансфер во историјата на Ливерпул и англиската Премиер лига.
🚨🚨💣 EXCLUSIVE: Florian Wirtz to Liverpool, HERE WE GO!
Liverpool verbally agree deal in principle with Bayer Leverkusen for package reaching €150m add-ons included.
Player side already agreed two weeks ago with move now imminent.
Wirtz set for medical and contract signing. pic.twitter.com/0j6Bh9qAQ3
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 10, 2025
Претходно најголемиот трансфер во историјата на клубот беше оној на Дарвин Нуњез од Бенфика за 85 милиони евра, додека рекордот на Премиер лигата го држеше Енцо Фернандез, кога Челси на Бенфика и плати 120 милиони евра.
Доаѓањето на Вирц претставува само продолжение на реконструкцијата на тимот што Арне Слот не ја заврши минатото лето кога го наследи Јирген Клоп. Тој ја освои титулата со тимот што го наследи од германскиот стратег, но ќе влезе во одбрана на титулата со значително изменет тим. Во тимот пристигна Џереми Фримпонг, исто така од Баер Леверкузен за 35 милиони евра, а извесно е дека на „Енфилд“ ќе дојде и левиот бек на Борнмут и унгарската репрезентација Милош Керкез.
Спорт
Коларов ќе му биде асистент на Киву во Интер

Александар Коларов, поранешен репрезентативец на Србија, нема тренерско искуство во сениорскиот фудбал, но во сезоната 2025/26 ќе биде прв асистент на Кристијан Киву, новоизбраниот тренер на Интер.
„Коларов ќе биде новиот втор тренер на Интер како главен асистент на Кристијан Киву“, изјави италијанскиот новинар Фабрицио Романо во вторник вечерта.
⚫️🔵🇷🇸 Aleksandar Kolarov will be new second coach at Inter as main assistant for manager Cristian Chivu. pic.twitter.com/srh7FSqS22
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 10, 2025
Во ноември минатата година, поранешниот српски репрезентативец беше назначен за селектор на репрезентацијата на Србија до 21 година, која во претходните три натпревари претрпе исто толку порази во пријателски натпревари.
Триесет и деветгодишниот Коларов играше за Интер од 2020 до 2022 година и ја освои Серија А и Суперкупот на Италија. Тој играше и за Лацио и Рома на Апенинскиот Полуостров. Ја започна својата кариера во Чукарички, а беше член на ОФК Белград и Манчестер сити.
Кристијан Киву го наследи Симоне Инзаги на клупата на овогодинешниот финалист на Лигата на шампионите.