Спорт
Биното: Ферари можеби згреши со дизајнот на СФ90-болидот!

Кога ривалите од Мерцедес стигнаа до петтата 1-2 победа во пет трки во 2019 година, шефот на Ферари, Матија Биното, призна дека целиот концепт на дизајнот на СФ90-болидот можеби е погрешен!
Апсолутната доминација на Мерцедес доаѓа кога на зимското тестирање Ферари имаше најбрз болид, а иако во Бахреин и Баку имаа најголема брзина исто така, „сребрената стрела“ се покажа како болид што подобро се приспособува на сите патеки. Биното сега признава дека можеби е потребна голема промена.
„Од наша страна, мислам дека можеме да работиме напорно и сезоната е уште жива. Ние нема да се предадеме и тоа е нашиот приод. Секако, разочарани сме од трката во Барселона бидејќи целта беше многу повеќе поради подобрувањата на аеродинамиката и на моторот. Подобрувањата работеа добро, моќни сме на рамните делови, но слабостите се покажаа овој викенд. Губиме време на секоја кривина и не се работи за потисната сила, туку за нешто повеќе и тоа треба да се анализира. Уште го немаме одговорот“, вели Биното.
Италијанскиот печат беше традиционално суров.
„Ферари станува полош!“, стоеше на насловната на „Кориере дело спорт“, каде што анализираат вака: „Кој е проблемот кај Ферари? Да имаше само еден проблем, тој ќе беше што има многу проблеми. Веќе можеме да кажеме чао и се гледаме во 2020“.
„Ла Газета дело спорт“ исто така беше реален: „Сезоната на Ферари може да се преслика со трката на Фетел. Безнадежна“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Детали го делат Бенитез од клупата на Панатинаикос

Трофејниот шпански стручњак Рафаел Бенитез (65) треба да го преземе грчкиот тим Панатинаикос во наредните денови, откако че бидат дефинирани деталите за идната соработка.
Великанот од Атина е во потрага по тренер по заминувањето на Португалецот Руи Виторија, кој беше отпуштен на 15 септември, еден ден откако „зелените“ загубија од Кифисија со 3:2.
Во меѓувреме, Панатинаикос значително ја подобри играта и резултатите под водство на привремениот тренер Христос Контис и забележа голема победа во Лигата на Европа против Јанг Бојс (4:1), но во клубот, и покрај очигледниот напредок, бараат ново, по можност звучно име за клупата.
Според грчките медиуми, изборот паднал на тренерот кој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година, две титули во Ла Лига и Купот на УЕФА со Валенсија и Лигата на Европа со Челзи.
Истите извори наведуваат дека Бенитез пристигнал во Атина со приватен авион во четврток наутро за финални преговори со челниците на клубот и најверојатно за потпишување на договорот.
Наводно, Панатинаикос му нуди дури пет милиони евра само за едногодишна соработка.
Спорт
Џексон Хејс ќе добие пасош на Словенија

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејс (25), откри дека е во процедура за добивање словенечки пасош за во иднина да може да игра со Дончиќ и во репрезентацијата.
Хејс е член на Лејкерс од 2023 година, претходно играше за Њу Орлеанс.
Наскоро би можел да биде опција за селекторот на Словенија, Александар Секулиќ, кој бара играч на позицијата „пет“ по повлекувањето на Џош Нибо за последниот Евробаскет.
Нибо, да потсетиме, поради повреда, не доби дозвола од својот клуб Милано да игра за Словенија, што ги принуди челниците на КС Словенија да најдат посигурно решение за наредните години.
Изборот падна на Хејс, со кого неговиот соиграч Лука Дончиќ ги водеше преговорите.
„Лука е мој човек. Работиме заедно за да добиеме словенечки пасош и да можеме да играме за Словенија следното лето“, ги изненади Хејс новинарите по натпреварот со Далас.
Хејс со тоа би бил четвртиот странец во последните неколку години во дресот на Словенија, по Ентони Рандолф, Мајк Тоби и Џош Нибо.
Словенија беше европски шампион во 2017 година со Рандолф.
Спорт
(Видео) Бецеки казнет за инцидентот со Маркез во Индонезија

По речиси две недели оо контроверзниот инцидент на Големата награда на Индонезија, судиите на Мото ГП ја донесоа конечната одлука да го казнат возачот на Априлија, Марко Бецеки.
Марко Бечеки е казнет со двоен долг круг, кој ќе мора да го одработи на неделната трка на Големата награда на Австралија.
Станува збор за судирот што се случи во седмата кривина, во првиот круг од трката на патеката „Мандалика“, кога Бецеки го собори Марк Маркез. Иако судиите веднаш започнаа истрага, тие не можеа да ја слушнат верзијата на Бецеки за несреќата бидејќи Италијанецот заврши во медицинскиот центар на самата патека.
Затоа, беше одлучено дека одлуката ќе биде донесена по неговото сослушување во Австралија, каде што Бецеки денес ја даде својата изјава.
Судиите се повикаа на членот од правилата, кој се однесува на „дејствија што создаваат опасни ситуации и доведуваат до несреќа“, и истакнаа дека Бецеки е во центарот на вниманието по втор пат оваа сезона поради инцидент.
Тој беше казнет за прв пат во Аргентина поради контакт со Фабио Квартараро.
Веднаш по инцидентот, возачот од Римини ја призна својата грешка и му се извини на Маркез, а потоа двајцата се сретнаа во медицинскиот центар. Маркез подоцна се огласи на социјалните мрежи за да ги повика фановите да не го обвинуваат Италијанецот, велејќи дека ваквите ситуации се дел од спортот.
A costly miscalculation 😔
Bezzecchi reflects on the collision with @marcmarquez93 that landed him a double LLP ahead of Sunday ⚠️#AustralianGP 🇦🇺 pic.twitter.com/IpBKk6CDlT
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 16, 2025
На „Филип Ајленд“, Бецеки повторно застана пред камерите и ја повтори својата одговорност:
„Не се обидував да го престигнам. Тој силно сопираше, погрешно ја проценив ситуацијата. Тоа беше моја вина“, рече Бецеки, додавајќи дека сè уште чувствува голема болка во грбот.
Бечеки ја искористи можноста да го посочи проблемот со чакалот покрај патеката „Мандалика“, кој, според него, придонел за сериозноста на повредите.