Топ
Прегазени две жени на улица во Кичево

Две жени на возраст од 32 и 36 години биле прегазени на улица во Кичево, кога во нив удрило возило управувано од 30-годишен маж од селото Вранештица, Кичевско.
Како што јави МВР, двете се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Медицински центар Кичево, каде што им била укажана лекарска помош, по што и двете биле префрлени во Клиничката болница Битола на понатамошно лекување. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Неформалната коалиција СДСМ-ДУИ излегува со лаги и манипулации небаре граѓаните имаат кратко памтење

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во општина Дебарца, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, порача дека од тоа што се гледа на терен е јасно дека работат ќе биде завршена уште во прв круг и Златко Сиљаноски ќе биде новиот градоначалник.
Мицкоски исто така повика што е можно помасовно излегување на гласање на овие локални избори, задутре на 19 октомври и да го заокружат бројот 9.
Мицкоски повтори дека ова кампања понуди имаа две групи кои се издвојуваат, едната е групата којашто е неформална коалиција помеѓу СДСМ, ДУИ и Левица која на овие избори излегува, исклучиво, со црна кампања од прв ден се до денес.
„Кампања на лаги, на клевети, кампања во која се обидуваат повторно да ги навредат граѓаните, нивната интелигенција и играат на картата на кратко помнење, небаре сите ние сме заборавиле дека до пред само година и половина влада во Македонија беше коалицијата СДСМ и ДУИ. Небаре граѓаните не разбираат за сето тоа коешто тие го работеа тие и како да заборавија на сите нивни скандали кои тогаш ни се случуваа“, рече Мицкоски, додавајќи дека со тоа само ја промашија кампањата и политичките пораки, слушнавме се само не какви проекти нудат.
Овие од ДУИ, додаде Мицкоски, покажаа дека можеби сум им идол, па половина од кампањата немаше митинг Али Ахмети да не излезе и да не го спомне моето име.
Во однос на Левица, Мицкоски посочи дека тие малку беа збунети, бидејќи сега бараат нов стопан, а претходно им беше Зоран Заев.
„Бидејќи нивната карактерна особина им е таква, или на социјалните медиуми каде што се присутни да лажат, да креираат материјали, да вадат од контекст, мислејќи дека на тој начин ќе добијат некаква симпатија. Или пак сега да одработуваат, во случајот за Али Ахмети и ДУИ“, додаде Мицкоски објаснувајќи дека Левица одлучила да не кандидираат кандидати за градоначалници во родниот град на претседателот на партијата, Велес и Штип, но извадија во Тетово, Гостивар и Струга.
„И нивните кандидати за градоначалници, па и самото раководство на партијата, нема да го слушнете да каже ниту еден лош збор, да речеме за Рамиз Мерко. Тој е добар. Нема ниту еден статус, ниту еден лош збор нема да слушнете за на пример, кандидатот на ДУИ и Алијанса на Албанците во Струга. Нема лош збор, тој е идеален. Или пак за актуелниот градоначалник во Гостивар, којшто е наследник на Арбен Таравари и поддржан од Али Ахмети“, посочи Мицкоски.
Македонија
Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со која се изрекува времена забрана за најавениот штрајк, што требаше да се одржи в понеделник. Од синдикатот најавуваат дека ќе ја обжалат одлуката пред Апелациониот суд и ќе поднесат претставка до Републичкиот судски совет против судијката што го водела предметот.
Претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски, изјави дека штрајкот ќе биде ставен во мирување, но дека синдикатот нема да се откаже од своите барања, кои се дел од Спогодбата потпишана по завршената постапка за помирување во 2023 година.
Од Синдикатот тврдат дека не биле известени за тужбеното барање и не добиле можност за одбрана, обвинувајќи дека судската одлука е донесена спротивно на закон, без закажано рочиште и без утврден рок на важност. Тие сметаат дека решението се темели на неточни податоци и дека барањето на М-НАВ било погрешно третирано како временa мерка.
Дополнително, синдикатот укажува дека од 18 нововработени во М-НАВ под актуелното раководство, реална потреба имало само за петмина, додека вработените во контролата на летање работат во, како што велат, катастрофални услови – без тоалети, вода и ефикасен систем за греење и ладење во контролната кула.
Македонија
Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува во судска постапка. Станува збор за обвинението против реалниот сопственик на фирмата за обезбедување на дискотеката.
„Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното дело од чл. 292 ст.2 в.в. со чл. 288 ст.3 в.в. со ст. 2 в.в. со чл. 22 од КЗ, а согласно соопштението на Јавниот обвинител, истиот се јавува како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје“, соопшти Судот.
Согласно одобрениот акт, формиран е кривично правен предмет кој согласно АКМИС – системот е веќе распределен кај судија Биљана Смаќовска на понатамошно постапување.