Свет
Почина Леонард Бејли, хирургот кој му пресади на дете срце од мајмун

Почина хирургот кој отвори ново поглавје во медицината со пресадувањето срце на новороденче, а поради што претрпе и многу критики. Тој почина на 76 години по долгогодишна борба со ракот.
Одлуката на Леонард Бејли да го пресади срцето на павијан мајмун, со големина на орев, на 12 недели старото новороденче, познато само по измисленото име „Бејби Фае“ предизвика големо меѓународно внимание и поттикна многу морални и етички прашања за користење животинско срце, бубрег и други органи за пресадување на луѓе.
Критиките беа толку големи што пресадувањето органи од други видови до дене не стана стандардна процедура во медицината.
Бејли таа операција во 1984 година го претвори во водечки светски авторитет во трансплатација на срце. Докторот од малиот град изнендано стана меѓународнопознат вешт и храбар хирург, кој е подготвен да ги урне бариерите. Но за тоа плати висока цена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.
Свет
Трамп разговараше со Нетанјаху: На иста страна сме за сите прашања

3Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека тој е на иста страна за сите прашања со него.
„Разговаравме за многу теми“, напиша американскиот претседател на социјалните мрежи. Тој додаде дека „телефонскиот повик поминал многу добро“.
Трамп и Нетанјаху се сретнаа двапати во Белата куќа од почетокот на мандатот на Трамп и се верува дека Нетанјаху е повеќе за политиката на Трамп отколку за администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден