Спорт
Алегри доби отказ

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус, на своите службени страници објави дека Масимилијано Алгери повеќе не е тренер на првиот тим. На вој начин Јувентус ги потврдија шпекулациите на италијанските медиуми дека Алегри ќе добие отказ.
Масимилијано Алегри (51), во Јувентус стигна два дена пред почетокот на сезоната 2014/2015, откако претходно во јануари 2014 доби отказ во Милан.
Претходно тој бил тренер на Калјари, Сасуоло, Гросето и СПАЛ, а тренерската кариера ја започнал во Аглианесе во 2003 година.
Statement from the club: https://t.co/Z7Sex0OaSx pic.twitter.com/hysOWz8dJO
— JuventusFC (@juventusfcen) May 17, 2019
Со Јувентус за пет сезони освои исто толку титули во првенството на Италија, има четири трофеи во Купот и две во Суперкупот на Италија. Во 2015 и 2018 играше финале во Лигата на шампионите, но не успеа да ја освои титулата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дуран по само шест месеци го напушти Ал Наср

Foto/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран (21) по само шест месеци си замина од Ал Наср. Во јануари Астон Вила го продаде Дуран во Ал Наср за 77 милиони евра и потенцијални бонуси.
Во клубот од Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, играше со Кристијано Роналдо, но не успеа да ја освои титулата. Дуран постигна 12 гола на 18 настапи, а сега го напушта клубот и се враќа во Европа.
Иако потпиша договор до 2030 година, тој оди на позајмица во Фенербахче. Таму ќе ја преземе улогата на Един Џеко под водство на Жозе Мурињо.
Дуран се проби низ МЛС, од каде, по 27 натпревари и осум гола за Чикаго Фаер, замина за Астон Вила за нешто помалку од 18 милиони фунти. Имаше само 19 години.
Спорт
Перикар „испука“ сервис од 246 километри на час

Францускиот тенисер Џовани Мпеши Перикард го сруши рекордот на Вимблдон на првиот ден од третиот Гренд слем во сезоната.
Тенисерот, познат по својот убиствен сервис, го оправда својот углед во натпреварот од првото коло против Тејлор Фриц.
Во првиот поен, тој сервираше со брзина од 239,8 километри на час, соборувајќи го рекордот на Тејлор Дент од 2010 година (238,2).
Тоа не беше доволно за Перикард, па во истиот гем „испука“ сервис од неверојатни 246,2 километри на час.
Интересно е што дури ни тоа не му беше доволно за да го освои тој поен.
Перикар беше блиску до победа над фаворизираниот Американец (четврти ноосител на турнирот), но го загуби четвртиот сет (7:6, 7:6, 4:6, 6:7) по што натпреварот беше прекинат.
Причината се строгите правила на Вимблдон дека нема игра по 23 часот.
До тој момент, тој сервираше 33 аса.
Спорт
Инзаги: Се искачивме на Монт Еверест без кислород

Симоне Инзаги, тренерот на Ал Хилал, им честиташе на своите играчи за пласманот во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Тимот од Ријад ги елиминираше „граѓаните“ во осминафиналето на Светското клупско првенство по продолженијата (4:3), со што го направи најголемото изненадување на турнирот.
„За овој резултат, клучни се играчите и храброста што ја покажаа на теренот. Моравме да направиме нешто посебно со оглед на тоа што сите ја знаат силата на Манчестер сити. Моравме да се искачиме на Монт Еверест без кислород и успеавме во тоа“, рече Инзаги по натпреварот.
Во четвртфиналето, Ал Хилал ќе игра против Флуминензе, кој претходно исто така неочекувано го елиминираше Интер.