Надворешна политика
Пратеникот Николоски ќе ги набљудува изборите во БиХ и Бугарија
Потпретседател на мониторинг комитетот и шеф на македонската делегација, пратеникот Александар Николоски, од име на Групата на европски народни партии е назначен за член на две Ад хок комисии на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Николоски ќе ги набљудува парламентарните избори во Босна и Херцеговина закажани за 12 октомври 2014 година, како и предвремените парламентарни избори во Бугарија закажани за оваа есен, се вели во соопштението од секторот за односи со јавност на Собранието на Република Македонија.
За набљудувањето на изборите Парламентарното собрание на Советот на Европа има утврдени прописи кои се однесуваат на почитувањето на принципите на демократијата, плурализмот и на правото на слободни избори.
„При набљудување на изборите се земаат предвид и техничката и политичката природа на процесот. Техничкото набљудување се фокусира на адекватноста на корпусот на закони според кои се спроведуваат изборите, а се мониторира и политичкиот амбиент во кој се одвиваат изборите. За таа цел, членовите на Ад-хок комисиите за набљудување на изборите имаат средби со изборните органи, претставниците на политичките партии застапени во Парламентот, како и со претставниците на граѓанското општество и медиумите, пред набљудувањето на денот на гласањето. За член на мисија за набљудување на избори може да биде избран само пратеник од држава која спроведува високо демократски и слободни избори, со што изборот на Александар Николоски е и признание за Република Македонија“, се истакнува во соопштението.
Пратеникот Александар Николоски, исто така, беше член на Ад хок комисиите за набљудување на парламентарните избори во Бугарија и претседателските избори во Азербејџан во 2013 година.
Парламентарното собрание на Советот на Европа во 1974 година, за прв пат, учествуваше во набљудувањето на изборниот процес и оттогаш е значаен фактор за воспоставувањето институционално парламентарно набљудување на изборите во Европа, и е првата институција која почитувањето на принципите за слободни и фер избори го постави како услов за членство.
Оваа институција, исто така, игра клучна улога во развивањето на меѓународната соработка на ова поле и создава таканаречено европско изборно наследство. /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.