Спорт
Зидан и Реал губат трпение – „Сега или никогаш“ за Пол Погба

Зинедин Зидан јасно му порачал на Пол Погба дека тој мора самиот да побара трансфер од Манчестер јунајтед, бидејќи времето истекува, тврди британскиот „Сан“.
Според британскиот таблоид, Зидан му посочил на својот француски сонародник дека е „сега или никогаш“, бидејќи во моментов се прават одлуките за изградба на Манчестер јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер, кој не е убеден дека Погба треба да биде во новиот состав за 2019/20.
Проблем во оваа „зделка“ може да направи извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудвард, кој очигледно не сака 26-годишниот Погба да замине. Тој верува дека со продажба на Погба ќе се наруши имиџот на клубот по кошмарниот финиш на сезоната по кој Јунајтед нема да играат во Лигата на шампионите следната сезона.
Според Вудвард, статусот на Јунајтед како еден од најголемите клубови на светот ќе биде нарушен ако ја пуштат својата прва ѕвезда. Солскјер прво изјави дека сака да го гради тимот околу Французинот, но откако подобро се запозна со него, смета дека нема да му недостасува многу во тимот и не сака да има фудбалер кој не сака да биде таму.
Како и да е, ќе има интересно лето на „Олд Трафорд“, но и на „Бернабеу“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бенфика го отпушти Бруно Лаж

Фудбалскиот клуб Бенфика го отпушти тренерот Бруно Лаж по шокантниот пораз од Карабаг во првото коло од Лигата на шампионите.
Бенфика претрпе пораз во Лисабон по пресврт, иако по 16 минути игра домашниот тим водеше со 2:0.
Карабаг во Лисабон испиша историја на азербејџанскиот фудбал. Стана првиот клуб од Азербејџан што ги освои сите три бода во натпревар од Лигата на шампионите- и тоа на своето деби во елитното континентално фудбалско натпреварување.
„Постигнавме договор со Бруно Лаж, тој повеќе не е тренер на Бенфика. Сакам да му се заблагодарам за сè што се обиде да направи, за целата посветеност што ја покажа оваа година“, рече првиот човек на клубот, легендарниот Руи Кошта и додаде:
„За жал, дојде време за промена. Што се однесува до новиот тренер, очекуваме тој да биде на клупата уште во сабота, на Вила дас Авеш.“
Ова беше втор мандат на Бруно Лаж во Бенфика, кој започна во септември 2024 година.
Минатата сезона Бенфика го освои Лига купот. Оваа сезона, Бенфика го освои португалскиот Суперкуп и забележа три победи и едно реми во првенството.
„Орлите“ поминаа низ две квалификациски фази за Лигата на шампионите, ги елиминираа Ница и Фенербахче.
Токму неодамнешниот тренер на турскиот клуб, Жозе Мурињо, е моментално главен кандидат да го замени Лаж на клупата на Бенфика.
Лаж претходно ја водеше Бенфика од јануари 2019 до јуни 2020 година, откако ги тренираше и јуниорскиот и Б-тимот на клубот. 49-годишникот работеше и како главен тренер во Вулверхемптон и Ботафого.
Foto/ EPA
Спорт
Манчестер сити го отпиша Бернардо Силва
Португалскиот играч од средниот ред Бернардо Силва (31), кој е еден од клучните играчи на Манчестер сити осум години, веќе знае дека ќе мора да бара нов клуб на крајот од сезоната. Клубот нема намера да го продолжи договорот со Силва, кој истекува во јуни следната година, објавија британските медиуми.
Силва ќе ја доживее истата судбина како и Белгиецот Кевин Де Брујне (34), кој беше отпуштен по десет години. Де Брујне потпиша за италијанскиот шампион Наполи како слободен агент ова лето.
Во осум сезони на „Етихад“, Силва постигна 72 гола и имаше 74 асистенции, а освои и шест титули во англиското првенство, два ФА купа и Лигата на шампионите (2023).
Тој е втор најплатен играч на Сити, со годишна плата од 18 милиони евра. Само норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд има поголема плата, односно околу 32 милиони евра по сезона.
Бенфика, каде што Силва почнал да тренира на 13-годишна возраст, се споменува како најверојатна опција за продолжување на кариерата. Сепак, големи шанси му се даваат и на Јувентус.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Судијата од БиХ е под жестоки критики поради пеналот за Реал

Реал го победи Марсеј со 2:1 во првото коло од Лигата на шампионите на домашен терен. Тимоти Веа ги доведе гостите во водство во 22-та минута, а Килијан Мбапе ги постигна двата гола за домашниот тим од пенал, во 29-та и 81-ва минута. Реал од играше со еден играч помалку од 72-та минута откако Дани Карвахал беше исклучен од Ирфан Пељто.
Судијата од БиХ е под критики од Французите за вториот пенал за Реал, од кој Мбапе постигна гол за голема победа.
Пељто досуди пенал за Реал бидејќи тврди дека играчот на Марсеј, Факундо Медина, играше со рака. Сепак, има многумина кои не се согласуваат со одлуката на Ирфан Пељто. Спорната ситуација можете да ја погледнете овде.
„Пеналот беше малку срамен и би рекол дека дури и да беше во наша корист. Тоа не е пенал“, рече тренерот на Марсеј, Роберто де Зерби.
Дури и „Марка“, шпански медиум кој е нескриено наклонет кон Реал, тврди дека судијата не требало да му досуди пенал на домашниот тим.
Перез Бурул, судиски аналитичар на „Марка“, рече: „Пеналот не е добро досуден бидејќи е природна акција. Играчот се фрла на земја, а раката не ја бара топката“.
Пељто (41) е судија во елитната категорија на УЕФА. Минатата сезона, тој го судеше четвртфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Реал Мадрид, а круната на неговата кариера беше судењето на финалето од Конференциската лига, кое го играа Челзи и Бетис.
Foto/ EPA