Црна хроника
Украл паричник но бил фатен од случаен минувач
Единицата за општ криминал до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава гo предаде лицeто Ш.У. (26) од Скопје поради основано сомнение дека извршил едно кривично дело – “тешка кражба на дрзок начин” при што, од страна на судија на претходна постапка на истиот му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена.
Пријавениот, кривичното дело го извршил на 29 минатиот месец околу 1 часот по полноќ, на улица „Кеј 13-ти Ноември”, на подрачје на ПС ОН Центар на тој начин што oткако од зад грб му се доближил на оштетениот, го фатил за левата рака и почнал да го влече велеќи му да појде со него за да му изврши некаква проверка, на што оштетениот се обидел да се отргне.
Mеѓутоа пријавениот во еден момент со употреба на физичка сила му го отргнал паричникот кој оштетениот го држел во десната рака и се дал во бегство, но од страна на случаен минувач бил сопрен и задржан се до доаѓањето на полициските службеници.
Инаку, Ш.У. е регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против половата слобода и половиот морал, како и кривични дела против јавниот ред, за што му се поднесени 16 кривични пријави, а од надлежен суд му биле изречени седум мерки „засилен надзор од социјален орган” и три затворски казни./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

