Спорт
Нови здравствени проблеми за Ники Лауда

Трикратниот Формула 1-шампион, Ники Лауда, повторно е во болница за дијализа на бубрезите кога минатата година беше на трансплантација на белите дробови.
70-годишниот Австриец, кој останува неизвршен директор на тимот на „Мерцедес“, по здравствените проблеми лани, очекуваше да се врати во Ф1-боксот набргу. Според австрискиот весник „Остерајх“, Лауда се наоѓа во приватна клиника во Швајцарија.
„Поради проблемите со бубрезите, мораше да биде префрлен од центарот за рехабилитација во приватна клиника за дијализа. Имаше добри и лоши недели“, вели братот на Лауда, Флоријан, во интервју за весникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Исак добил луда понуда од Саудиска Арабија

Фудбалскиот клуб Ал-Хилал од Саудиска Арабија е прв фаворит за потписот на шведскиот напаѓач Александар Исак, кој сигурно ќе се приклучи на Њукасл ова лето.
Како и претходно, саудискиот клуб има силни аргументи да ја победи конкуренцијата, за да стигне до играчот пред Ливерпул, кој сè уште е заинтересиран за голгетерот на Њукасл..
„Гардијан“ пишува за неверојатната сума пари што Саудијците ја подготвиле за Исак.
Овој англиски медиум, тврди дека Исак, доколку потпише, би заработувал 700.000 евра неделно, или 36 милиони евра по сезона.
Познато е дека Њукасл е исто така во рацете на саудискиот инвестициски фонд, истиот оној што го контролира Ал-Хилал, и не треба да има никаква „тензија“ меѓу двата клуба.
Ал-Хилал секако ќе плати и обештетување за Швеѓанецот на англискиот клуб, а според проценките тоа изнесува околу 140 милиони евра.
Од почетокот на јуни, Ливерпул инвестираше 300 милиони евра во засилувања, неодамна го доведоа напаѓачот Уго Екитике за 95 милиони, но исто така сакаат со Исак да го комплетира атомскиот напад. Меѓутоа, како што стојат работите, Саудијците сега се поблиску до Швеѓанецот.
Напаѓачот на Њукасл постигна 23 гола и запиша шест асистенции во 34 натпревари минатата сезона.
Foto/ newcastleworld.com/sport
Спорт
Спалети: Фудбалот ми го уништи животот

Лучано Спалети, до неодамна селектор на Италија, отворено зборуваше за работите со кои се соочува.
Италија имаше лош почеток на квалификациите за Светското првенство, загуби во Норвешка со 3:0, што беше причината Фудбалската асоцијација да се раздели со Спалети, кој сето тоа го прими тешко.
„Фудбалот ми го уништи животот. Го сакам фудбалот повеќе од себеси и жртвував некои многу блиски луѓе поради него. Никако да ми помине. Тоој натпревар сè уште ме држи буден ноќе. Има големо влијание врз мене, бидејќи моите мисли постојано се враќаат на него. Понекогаш се чувствувам среќен, но тоа брзо се менува бидејќи се сеќавам на натпреварот. Не успеав да ги убедам моите играчи дека ги сакам“, беше разочаран тренерот на трофејот.
Тој мисли дека знае каде погрешил.
„На почетокот направив грешка кога инсистирав на чувство на припадност и идентитет. Ги замолив играчите да ја пеат националната химна, да имаат мотивациски извик пред секој тренинг. Сакав да им ја покажам гордоста што ја чувствував, но тоа беше премногу.“
Спалети му ја донесе долгоочекуваната титула на Наполи, но очигледно не се раздели со Де Лаурентис во најдобри услови.
„На тој начин, му помогнав на Де Лаурентис да разбере дека за успех треба да ангажира одличен тренер, а не да зависи од него. Најголемата навреда што ја доживеав беше што не ни беше дозволено да имаме шампионска парада на улиците на Неапол. Ќе жалам за тоа засекогаш, а уште потешко ми е затоа што ги гледав снимките од забавата кога го освоија Скудетото минатата сезона. Побарав од некои играчи да ми испратат видео клипови, за да можам барем да почувствувам како изгледа погледот од автобусот“.
Фото/ ЕПА
Спорт
Јунајтед ги „забрани“ Роналдо, Кантона и Бекам

Имињата на три легенди на Манчестер јунајтед повеќе не се достапни како опции за персонализација на дресовите што се продаваат во официјалната продавница на „Црвените ѓаволи“.
Навивачите на Јунајтед беа изненадени кога дознаа дека имињата на Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам и Ерик Кантона не се достапни меѓу опциите за персонализација на дресовите што се продаваат во продавницата на клубот од „Олд Трафорд“.
Информацијата на почетокот изгледа неверојатна, но има објаснување.
Сајмон Лојд, познат навивач на Јунајтед, го сподели своето изненадување на социјалните мрежи.
Кога се обидел да купи дрес за својот син, бил информиран дека трите имиња не можат да бидат испечатени на дресовите поради истекот на лиценцата.
Took my son for his new shirt the other day. Had no idea the club weren’t allowed to print Cantona, Beckham or Ronaldo on shirts pic.twitter.com/URoMTgymQr
— Si Lloyd (@SmnLlyd5) July 24, 2025
Иако клубот сè уште не дал официјално објаснување за одлуката, многу е веројатно дека станува збор за договори за лиценцирање по пензионирањето, односно правата на таканаречените „права на имиџот“ на трети страни и сопственоста на одредени брендови.
Бекам, Роналдо и Кантона имаат договори со одредени брендови што може да бараат посебни договори за комерцијална употреба, дури и од клубот за кој играле долго време.
Случајност или не, сите тројца ја носеа „сдумката“ во различни периоди.
Поради претходно споменатата одлука, клубот од Манчестер се соочи со бран на гнев од своите навивачи, што е особено јасно кога ќе се земе предвид историското значење на дресот со број 7.
Порано носен од Џорџ Бест и Брајан Робсон, бројот носи голема тежина и навивачите на Јунајтед го гледаат како нешто многу повеќе од само број на дрес.
Фото/ Принскрин