Спорт
Меси по шестипат го освои трофејот „Пичичи“ во Примера (фото)

Аргентинскиот фудбалски ас, Лионел Меси е освојувачот на трофејот „Пичичи“ по шестипат во кариерата откако сезонава беше најдобар стрелец во Примера со 36 гола.
Ова е трет трофеј во низа за сјајниот фудбалер со што се изедначи со легендата на Атлетик Билбао, Телм Зар кој рекордот го постави пред 66 години.
Меси конечниот број голови сезонава го постави по вчерашното реми (2-2) со Еибар нагости.
Ниту еден играч во историјата на Шпанското фудбалско првенство не го освоил „Пичичи“ со толку голема разлика како Меси сезонава. Суарез и Бензема останаа на -15 гола зад него. Претходно рекордер беше Хуго Санчез со 14 гола повеќе од следбениците во сезонат 1986/87.
Аргентинецот во дресот на Барселона е главен фаворит за освојување на Златната копачка во Европа и тоа трета година во низа, а вкупно шестипат во кариерата.
Меси има 4 гола повеќе од првиот до него, Килијан Мбапе кој се уште има шанси да го стигне, доколку биде голгетерски расположен во последното коло во Лига 1.
Со вкупно 50 гола на 49 натпревари во сите конкуренции Меси петтипат во кариерата дојде барем до бројката 50. Тој ефект ќе може да го подобри во финалето на Купот на кралот против Валенсија.
Lionel Messi has now finished LaLiga top scorer in six different seasons:
? 09-10: 34 goals
? 11-12: 50 goals
? 12-13: 46 goals
? 16-17: 37 goals
? 17-18: 34 goals
? 18-19: 36 goalsOne more season and he will break the LaLiga record he now holds with Telmo Zarra. ? pic.twitter.com/Uh7GeL7TQb
— Coral (@Coral) May 19, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота.
Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и неговиот брат починале во Шпанија, во близина на португалската граница во областа Замора.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола во 182 натпревари. Со Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Играше 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати освојувајќи ја Лигата на нации.
Погребот на браќата Жота ќе биде оваа сабота.
Foto/ EPA/PETER KLAUNZER
Спорт
(Видео) Челси преку Палмеирас до полуфиналето на клупскиот Мундијал

Foto/ EPA
Фудбалерите на Челзи го победија Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА со 2:1 (1:0).
Благодарение на победата во Филаделфија „сините“ се пласираа во полуфиналето, каде што ги чека уште еден тим од Бразил, Флуминенсе.
Двократниот европски шампион ја оствари победата благодарение на голот на Кол Палмер во 16-та минута и автоголот на голманот Вевертон во 83-та минута. Стрелец за Флуминенсе беше фудбалерот што „сините“ веќе го купија, креативниот играч од средниот ред Вилијан Естевао.
Крилниот напаѓач Педро Нето беше дел од англискиот клуб од самиот почеток.
Настапот на Португалецот беше неизвесен, откако Челзи му даде одврзани раце да избере дали да игра по смртта на неговиот голем пријател – фудбалерот на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.