Контакт

Естрада

(Видео) Сара Мејс е Femme Fatale во новиот проект на Принц

Објавено пред

Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс го правеа „Копито“ на толку специфичен начин, што никој не знае каков ќе биде видеоспотот кога ќе излезе. Песната е е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс за проектот Femme Fatale.

dobivaj vesti na viber

„Тотално забавно, интересно и необично искуство. Мислам дека беше така за сите и дека ќе го паметиме ова снимање. Имаше паѓање, судири и слични незгоди… премногу се смеев, на моменти дури и не можев да се фокусирам на мојата улога од толку смеење“, рече Сара Мејс.

„Со артист кој може све, ондак не правиш ништо, особено не банални сценарија. Тие ги оставаме за оние у креативен занес. Правиме музика што ни се свиѓа и спотови у кои се забавуваме, а не сакајќи све си изгледа кул“, вели Александар Ристовски – Принц.

Александар Ристовски – Принц во „Копито“ е на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани. Уникатната фотосесијата е на Дарко Мораитов. Спотот се планира за крајот на месецот, но смеењето, според изјавата на Сара Мејс, и ентузијазмот на Принц, изгледа дека ќе трае многу подолго.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Почина Халид Бешлиќ

Објавено пред

На 71 годинa денес во Сараево почина Халид Бешлиќ, еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Пејачот ја изгуби битката со тешка болест по кратко боледување, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. И покрај напорите на медицинскиот тим, пејачот почина денеска околу 13 часот.

Со своите безвременски хитови Халид Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена и во срцата на многу генерации.

Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ беше симбол на севдахот и емоцијата.

Прикажи повеќе...

Естрада

На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Објавено пред

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.

Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.

„Што и да е во мене, тоа не разбира“

Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“

Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.

„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.

Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.

„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.

Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.

„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.

Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Објавено пред

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.

dobivaj vesti na viber

Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.

Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.

Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.

Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.

фото: принтскрин-Инстаграм

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Не сакаме да се повтори сценариото со Арсовска, ние сме тука за скопјани, не на поединци, рече Мециновиќ

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција изјави дека партијата бележи значителен раст...

Македонија2 часа

Скопските лихвари им ги одземале имотите на оние кои не можеле да ја вратат позајмицата, каматата била и до 15 отсто месечно

Полицијата спроведе координирана акција на повеќе локации низ Скопје и приведе 11 лица осомничени за лихварство и перење пари, а...

Македонија4 часа

Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Го зголемивмe бројот на советници за 82 во однос на претходните избори

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ по првиот круг од локалните избори соопшти дека со освоените 550 советнички места низ целата држава и градот...

Свет4 часа

ЕУ ја потврди забраната за увоз на руски гас и нафта: „Нема да ѝ дозволиме на Русија да нè уценува“

Европската унија официјално ја потврди одлуката за постепено укинување на увозот на руски гас и нафта до 1 јануари 2028...

Свет5 часа

Санкции за „Роснефт“ и „Лукоил“ – САД и Британија обединети против руската нафта

Американското Министерство за финансии воведе нов пакет санкции против две најголеми руски нафтени компании – „Роснефт“ и „Лукоил“, со цел...

Македонија5 часа

Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите...

Македонија5 часа

Меџити: Ова е чиста победа, изградена со доверба и љубов кон Чаир

Синоќа во општина Чаир Изет Меџити и неговиот тим ја прославија победата на локалните избори. Меџити им се заблагодари на...

Македонија16 часа

Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси, иднината на државата е во рамките на ЕУ, порача Мицкоски од Лондон

Економијата, безбедноста и процесот на интегрирање на Македонија во рамките на ЕУ, како што соопшти премиерот Христијан Мицкоски биле теми...

Македонија18 часа

12 лица под истрага по полициските претреси во Скопје: осомничени се за лихварство и перење пари

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, единиците на МВР денеска, по обезбедени Наредби од Основниот кривичен суд –...

Македонија21 час

(Видео) Мециновиќ: Владиниот кандидат се сретна со „Вреди“ и ја доби нивната поддршка, јас се среќавам со Скопје

Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ кој влезе во вториот круг на локалните избори се огласи откако...

Македонија21 час

Кандидатите за градоначалници на Скопје се договорија: ТВ дебата во вторник

Кандидатот на партијата Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ денеска преку социјалните мрежи извести дека прифаќа дебата со противкандидатот...

Македонија23 часа

„Додека Данела сака да биде инфлуенсерка и троши време на театар, претпријатијата и штрајкуваат, а вработените немаат плати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Со длабоко разбирање за состојбата во која се наоѓа и за предизвиците од лична природа на кои е изложена, нема...

Топ23 часа

Жени се истепаа во автобус на ЈСП, во друг инцидент, скопјанец нападнат од четири лица

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, бил нарушен...

Македонија24 часа

Сметам дека и во првиот круг Левицата имаше поддршка од ДУИ, а коалицијата со СДСМ e веќе jавна, вели Ѓорѓиевски

Кандидаттот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, смета дека неговиот противкандидат во вториот круг, Амар Мециновиќ од партијата...

Македонија24 часа

Истрага против 32 физички и правни лица за злоупотреби при јавни набавки во прилепската болница

По поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка...

Македонија1 ден

Mицкоски се сретна со кралот Чарлс: „Беше искрено и содржајно“

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека во рамките на престојот во Лондон остварил средба со Неговото Кралско Величество,...

Македонија1 ден

Полицијата претресува на повеќе локации во Скопје поради лихварство и перење пари

Под раководство на предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), полициски единици на...

Македонија1 ден

И СДСМ излезе со процени: со ваков резултат ВМРО-ДПМНЕ би имала 52 пратеници, а СДСМ 21

СДСМ реагираше на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека се апсолутни победници на локалните избори, посочувајќи дека бројките, според нивната анализа, покажуваат...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Ако утре би биле парламентарните избори, ние би освоиле над 60 пратеници, а СДС во некои изборни единици би бил трета партија

ВМРО-ДПМНЕ со 550 советници низ Македонија и градот Скопје, како и со над 300.000 гласови, е апсолутен победник на локалните...