Црна хроника
Пожар во викендица во Струмица, изгоре и автомобил кој бил вклучен во итнервенцијата

Пожар избувна во саботата изутрина во една викендица во близината на Струмица, а подоцна изгоре и еден автомобил на лице кое било вклучено во гаснењето на пожарот.
Како што соопшти МВР, во 04,30 часот во месноста „Софилар“ атар на Струмица, бил забележан пожар на куќа-викендица сопственост на С.В.(72) од Струмица.
Од страна на екипа од ТППЕ-Струмица излезено е на лице место при што пожарот е локализиран. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Струмица. Во пожарот повреденни лица нема. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Нешто подоцна, во 10,10 часот Н.К.(24) од Струмица, враќајки се од интрвенција за гаснење на пожар на м.в.„Софилар“ атар на Струмица, и движејќи се со ПМВ „Лада Нива“ со струмички регистарски ознаки почувствувал мирис на бензин во внатрешноста на возилото.
Кога пристигнал на ул.„Ѓуро Салај“, возилото во движење се запалило и од негова страна со ПП апарат пожарот е изгаснат.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработена во основно училиште во Гази Баба истепана од ученик

Вчера во 12.45 часот во СВР Скопје, 45-годишната С.Р. од Скопје, вработена во основно училиште, пријавила дека околу 08.40 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од ученик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетник од Кочани споделувал експлицитни снимки од малолетничка на интернет: во полиција пријавила нејзината мајка

Вчера во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возило излета од регионалниот пат Валандово – Струмица: во несреќата тешко повредена девојка

Вчера во 22.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово- Струмица, на делницата од крстосницата за село Куклиш, струмичко, до крстосницата за село Раборци, струмичко, патничко возило „фолксваген поло“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната В.К. од село Собри, валандовско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.П.(24) од с.Собри, валандовско, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.