Свет
ЕК и’ одобри на Франција уште 3 месеца да го намали дефицитот

Франција доби уште три месеца својот буџетски дефицит да го сведе под дозволеното ниво во Европската унија, а во спротивно и’ се закануваат санкции, објави во петокот во Брисел Европската комисија којашто ги проценуваше предлог буџетите на земјите членки на еврозоната според системот на рано забележување на финансиските тешкотии.
Франција доби уште три месеца својот буџетски дефицит да го сведе под дозволеното ниво во Европската унија, а во спротивно и’ се закануваат санкции, објави во петокот во Брисел Европската комисија којашто ги проценуваше предлог буџетите на земјите членки на еврозоната според системот на рано забележување на финансиските тешкотии.
Франција уште минатата 2013 година требаше својот буџетски дефицит да го намали под највисокото дозволено ниво во Европската унија од 3 отсто од бруто домашниот производ (БДП), а во јуни ланската година министрите за финансии на ЕУ и’ го продолжија рокот за две години, до 2015 година, поради рецесијата во еврозоната. Европската комисија предвидува дека францускиот кусок во следната 2015 година ќе изнесува 4,5 отсто од БДП-то.
Франција е една од седумте земји, вклучително и високо задолжените Италија и Белгија, на коишто во петокот им е порачано да го намалат својот буџетски дефицит во согласност со буџетските прописи на ЕУ, но поради нејзиниот преголем дефицит, на Франција и’ се закануваат и санкции.
„Одбрав да не казнувам. Би било лесно да се казнуваат земјите коишто не ги почитуваат прописите на Пактот за стабилноста и растот, само со примена на предвидената процедура, но јас избрав да ги сослушам“, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во интервјуто за италијанскиот дневен весник La Repubblica, како и во изјави за други европски весници од петокот.
Комесарот на ЕК за економија, претходно француски министер, Пјер Московиси, истакна дека „сите можности“ ќе бидат ставени на масата кога во март ќе се оценува францускиот план. Московиси не ги исклучи санкциите, и додаде дека „Комисијата, секако, ќе биде крајно ригорозна“.
Досега ниедна земја од еврозоната не беше казнета затоа што не ги исполнила европските прописи за максимално дозволеното ниво на долгот кое изнесува 60 отсто од БДП-то.
Франција, Италија и Белгија испратија дописи до Европската комисија и ги претставија дополнителните реформи за 2015 година, со коишто ќе настојуваат да го сведат своите кусоци во рамките на прописите на ЕУ. Тримесечното продолжување што го добија овие три земји треба да им овозможи подобро да ги прилагодат своите буџетски планови и да се процени целосниот ефект од досегашните вложени напори. Од Италија, исто така, е побарано да стори повеќе да го намали својот долг кој е меѓу највисоките во еврозоната.
На Шпанија, Малта, Австрија и Португалија им се заканува можноста да не ги исполнат прописите за буџетскиот долг, предупреди Европската комисија. Буџетските предлози на Германија, Ирска, Луксембург, Холандија и Словачка добија „зелено светло“. Естонија, Латвија, Словенија и Финска, главно, ги почитуваат прописите. Германија, меѓу другото, повторно беше повикана да ги зајакне јавните вложувања и растот.
Европската комисија не ги разгледуваше буџетските планови на Грчка и на Кипар, бидејќи на нив се применуваат програмите за заеми за излегување од должничката криза, а тие програми веќе вклучуваат мониторинг на нивните економски реформи.
Во целина за еврозоната, којашто ја сочинуваат 18 земји членки, Европската комисија предвидува дека вкупниот дефицит ќе падне на 2,4 отсто од БДП-то во 2015 година, а долгот би требало полека да порасне на 93, 6 отсто од БДП.
Во текот на седмицава Јункер го претстави својот инвестициски план во износ од 315 милијарди евра коишто треба да ја придвижат европската економија. Еврозоната минатата година излезе од рецесија, но растот е незначителен, а невработеноста извонредно висока./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.
На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.
Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.
Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.
Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.
Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.
Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.
И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.
Економија
Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.
Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.
„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.
Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.
Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.
Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.