Свет
Папата: Абортусот никогаш не може да биде одобрен, дури и ако фетусот е тешко болен

Папата Франциско за време на конференција против абортусот, рекол дека абортусот никогаш не може да биде одобрен, дури и ако фетусот е тешко болен или деформиран.
Тој за време на приемот, кој го спонзорирал Ватикан, ги повикал лекарите и свештениците да ги поддржат семејствата да ги износат таквите бремености и рекол дека противењето на абортусот не е религиозно туку човечко прашање.
„Дали е дозволено да се отфрли живот за да се реши проблемот? Дали е дозволено да се изнајми убиец за да се реши проблемот?“ рекол папата.
Тој ја осудил одлуката за прекин бременоста на основа на пренатално тестирање, нагласувајќи дека човечкото битие никогаш не е неспоиво со животот.
Иако силно зборувал против абортусот, папата изразил симпатии кон жените кои имале абортус и им олеснил да добијат прошка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик: Добив понуда од моќни луѓе

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека некои моќни луѓе од Европа му понудиле мирно да ја напушти Босна и Херцеговина.
„Имам понуда од некои моќни европски луѓе, кои ми испратија порака дека немаат ништо против да заминам и да бидам слободен во Унгарија, Русија, Србија, каде и да сакам“, рече Додик во емисијата „Телеринг“ на РТРС. Тој рече дека нема да ја напушти Република Српска.
Пред еден месец судот на БиХ издаде налог за апсење на Додик и му одреди едномесечен притвор поради одбивање да се јави на поканата од Обвинителството на БиХ за сослушување како осомничено лице.
Додик беше прогласен за виновен со првостепената пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. Покрај тоа, Додик е под истрага за сомнителното купување вила во Белград, а тој одби да се јави на поканата за сослушување во тој случај.
Свет
Во Турција уапсени 525 дилери на дрога во најголемата операција во земјата

Турската полиција уапси 525 осомничени дилери на дрога во операции во Анкара, што е најголемата операција против дрога во историјата на земјата, објави министерот за внатрешни работи на земјата, Али Јерликај.
Во операцијата учествувале илјадници полицајци, кучиња трагачи, дронови и хеликоптери, а цел биле повеќе од 625 објекти, рече Јерликај, објави АП.
Рациите следуваа по шестмесечен технички и физички надзор на секој осомничен.
Свет
Италијанскиот претседател се врати во својата резиденција по успешната операција

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денес ја напушти болницата „Санто Спирито“ во Рим по вградувањето пејсмејкер.
Во вторникот Матарела успешно беше подложен на хируршка интервенција за инсталирање пејсмејкер, а претседателството нагласи дека нема причина за загриженост, објави „Анса“.
Тој се врати во својата резиденција, објави неговиот кабинет.
Веста за хоспитализацијата на претседателот предизвика многубројни пораки за поддршка од сите политички кругови, вклучително и од премиерката на земјата, Џорџа Мелони.
„Му ги испраќам моите најтопли желби на претседателот Матарела за брзо и целосно закрепнување. Италија ве очекува набргу со истата сила и посветеност“, рече Мелони преку социјалните мрежи, пренесува „Танјуг“.