Спорт
Баерн суверено владее со Германија – преку Лајпциг до двојната круна (видео)
Првата сезона на Нико Ковач на клупата на Баерн Минхен ја донесе и првата двојна титула за гигантот од Баварија, откако во финалето на ДФБ купот со 3:0 го победија тимот на РБ Лајпциг за да покажат дека во моментов се најдобриот германски клуб.
Роберт Левандовски не згреши во 29. минута за да им донесе водство на Баерн, а двете одлични шанси на Лајпциг ги „заврши“ фантастичниот Мануел Нојер на голот. Кога притисокот се зголемуваше, Кингсли Коман во 78. минута зголеми на 2:0, за Левандовски да го постигне својот втор гол во 85. минута, кога го лобуваше голманот Петер Гулач.
Мечот беше и збогување на многубројните навивачи на Баерн во Берлин со своите херои Арјен Робен и Франк Рибери кои го одиграа последниот меч за својот клуб.
Enjoy it, @FranckRibery ❤️#RBLFCB 0-3 (87′) pic.twitter.com/I8bhZ6Pohf
— FC Bayern English (@FCBayernEN) May 25, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гринвуд ја одјави Англија, ќе игра за Јамајка
Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд во иднина ќе игра за репрезентацијата на Јамајка.
Според англиските медиуми, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед има право на јамајканско државјанство бидејќи неговиот татко е роден во таа земја.
Ова ќе биде големо засилување за тимот на Стив Мекларен, кој ја презеде репрезентацијата на Јамајка.
Гринвуд оваа сезона одигра 20 натпревари за Марсеј, постигна 13 гола и запиша четири асистенции.
Фудбалерот со англиско потекло ќе има право да и се приклучи на националниот тим на Јамајка, иако во кариерата ги минал сите младински селекции на Англија.
Спорт
Рафиња нападнат во тунелот на „Ла Луж“, интервенирала полицијата
Спектакуларнит натпревар на „Ла Луж“ во Лисабон, меѓу Бенфика и Барселона (4:5) има и трето полувреме. Во тунелот, играчот на Барселона имал блиска средба со неколку фудбалери на Бенфика. Според извештаите, на шпанските медиуми, интервенирала и полицијата.
Бенфика испушти предност од два гола 3:1 и 4:2, загубија од Барселона и веднаш по последниот судиски свиреж го оплојија судијата Дани Макели. Домашните смеаат дека судијата жестоко ги оштетил во 94.минута кога не досудил чист пенал за нив по стартот на Касадо врз Бареиро. Макели дозволи играта да продолжи, а во контранападот Рафиња го постигна голот за победа на Барселона.
Фудбалерите на Барселона бучно го прославија неочекуваниот триумф, а тоа не им се допадна на домаќините. Неколку играчи на Бенфика го нападнале Рафиња во тунелот. Шпанските медиуми јавуваат дека полицијата морала да интервенира. Рафиња го потврди судирот.
„Ме навредуваа, а јас возвратив. Да ме почитуваа, ќе ги почитував. Наместо тоа, ме навредуваа, но јас не им останав должев. Херојот на Барселона додаде: Ова е мојот најдобар натпревар. Горд сум што сум во Барса и овој тим. Би убил и би умрел за овој клуб“.
Тренерот на Бенвика, Бруно Лаж, на прес конференцијата посочи дека судијата немал ист критериум.
„Мислам дека тоа судијата направи голема грешка. Во ситуации како оваа, судиите мора да имаат слични критериуми во однос на казните. Погледнете го ова. Ако го досуди оној пенал за Барселона, мораше и за нас“.
Спорт
(Фото+видео) Нестварни сцени од Фиорано, Хамилтон седна во болидот на Ферари
Луис Хамилтон претпладнево прв пат седна во болидот на Ферари. Поради правилата на Формула 1, го возеше болидот од 2023 година. За тифозите, кои во огромен број пристигнаа во Фиорано, ова беше повеќе од обичен тренинг.
Седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон на 1.јануари официјално стана член на Ферари. Пред два дена Британецот пристигна во базата на Ферари, се запозна со персоналот, фабриката на славниот тим, а имаше можност да вози во симулаторот.
Утрово во Фирано се случи вистински спектакла. Навивачите од 5 часот наутро го чекаат моментот кога Луис Хамилтон за прв пат ќе излезе на патеката со црвениот болид.
Патеката беше опколена од илјадници навивачи кои поставија шатори, закачија црвени знамиња и ја окупираа секоја слободна педа долж патеката.
„Ова е сон на секој навивач на Ферари“, рече еден од тифозите кои со семејството пристигнал од Модена носејќи огромно знаме со логото на Ферари.
Како што излегувањето на Хамилтон се приближуваше, атмосферата на патеката се повеќе се вжештуваше.
Навивачите го скандираа неговото име, а секое појавување на црвениот болид од боксот беше проследено со овации.
„Кога конечно го видовме на патеката, тоа беше момент што ќе го паметиме до крајот на на нашите животи“, изјавија за италијанска „Газета дело Спорт“, група навивачи од Велика Британија, кои пристигнаа специјално за настанот.
„Никогаш не сум видел такво лудило“, призна еден од работниците на патеката, додавајќи дека Фиорано одамна не доживеал вакво нешто.
Многумина ја следеа секоја реакција на социјалните мрежи на своите мобилни телефони, каде се споделуваа снимки во живо и фотографии од моментот кога Хамилтон излегува од боксот.
Lewis out on track in a Ferrari 🔥 pic.twitter.com/sIMRLLZBSE
— Lewis Hamilton our champion (@lhourchampion) January 22, 2025