Контакт

Книги

Промовирана книгата „Тајните на Исарот“ од Звонко Белдедовски

Објавено пред

Национална установа – Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип во понеделник вечер беше домаќин промоција на книгата „Тајните на Исарот“ од Звонко Белдедовски.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за постхумно дело на еден од најпознатите штипски истражувачи и арехолози, долгогодишен вработен во Заводот и музеј Штип, кој сиот свој живот меѓу другото, го посвети и на Исарот. Како што кажа и Милена Ристова-Михајловска, директор на НУ-УБ „Гоце Делчев“, промоцијата на ова дело е од голема важност за градот, бидејќи останува патоказ за понатамошни истражувања на штипското кале. Белдедовски е заслужен за многу откритија кога е во прашање Исарот, а тие се содржани хронолошки како податоци во ова постхумно дело кое го издава неговото семејство, но исто така и по многу други важни арехолошки откритија за Македонија вклучително и теракотните икони во Виничко:„Од исцрпувачката работа во античката Баргала, старословенските материјални арехолошки наоди, откривањето на виничките теракоти, 50 статии и трудови издадени од 1977 до 2010, до „Тајните на Исарот„, сите заедно, тоа се моќните високи стожери што ја вознесуваат душата на човекот и археологот професионалец, сопругот, таткото и милиот дедо Звонко Белдедовски кон вечното паметење“, кажа промоторот на книгата, Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културно наследство.„Тивок, скромен, неуморен… Не треба могу да се каже за да се опише неговата душа… Толку вреден и трпелив, а толку таинствен и мирољубив со домашните. За работата со нас, ретко зборуваше. Тој Исар беше цел негов свет што како деноноќно да го носеше на плеќи, а во домот со нас, молчешкум си ги запишуваше впечатоците и пронајдоците. Само едно знаеше и сакаше – да ја објави КНИГАТА. Со тие зборови замина… со КНИГАТА… а таа остана неотпечатена…“, кажа во воведниот монолог актерот Страшко Милошевски, претставувајќи го животниот пат на Белдедовски.Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев кој присуствуваше на промоцијата кажа дека Исарот е митско место кое од секогаш привлекувал внимание:„Оваа книга е само потврда на нашите заложби Исарот да го приближиме до Македонија и светот, и драго ми е што промоцијата се случува во предвечериоето на „Четрсе“ кое е духовно богатство на Македонија прогалсено од Унеско, а книгата е посветена токму на тајните на Исарот“, рече Захариев.Според Захариев, промовирањето на пешачката патека зад Исарот, како проект на локалната самоуправа, овозможи штипјани да видат дел од истражувањата и резултатите на Белдедовски, а тоа е тунелот.„Нашата цел е да ја заокружиме неговата мисија. Најмалку што можеме да направиме за него во овие моменти на негово физичко отсуство е да ги објавиме интегрално материјалите од неговите истражувања кои што се основа за книгата што му остана недопишана. Ви благодарам за убавите зборови за мојот татко , се надевам дека оваа дело ќе ги постави основите за издавање на една монографија“, изјави Душан Белдедовски, син на починатиот истражувач Звонко.Инаку, Звонко Белдедовски бил роден 1948 година  во Берово каде завршил основно и средно образование  а во 1974 година  дипломирал на Филозофскиот факултет, група археологија во Белград. Беше вработен во Н.У. Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип во 1974 година. Бил учесник е на бројни национални и меѓународни симпозиуми од областа на археологијата и член на МАНД  (Mакедонско Археолошко Научно Друштво). Работеше на местото советник кустос археолог, раководител на античкото и средновековно одделение. Своите истражувања ги преточувал во соодветни записи уште од 1977 кога пишувал за Исарот во Штип како средновековна населба. Почина во 2011 година а неговата пасија за Исарот, постхумно е преточена во новата книга „Тајните на Исарот“ во 2016 година од неговото најблиско семејство. На промоцијата зборуваше и Весела Честоева, дирктор на Археолошкиот музеј во Скопје која промовираше уште три други наслови кои се објавени преку проектот на Владата на Р.М за објавување на познати преводи на книги а кои се од областа на археологијата. /крај/со/др

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија9 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија13 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија13 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија14 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија15 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија15 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија15 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија16 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет18 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа18 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет19 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа19 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет19 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија1 ден

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија1 ден

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија1 ден

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија1 ден

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија1 ден

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...