Црна хроника
Запленети кученца, алкохол, свежо овошје, девизи, златен накит
Изминатата недела царинските службеници заплениле девизи, златен накит, живи животни, алкохол, свежо овошје, обувки, мобилни телефони, соопштуваат од Царинската управа.
Четири кученца биле откриени во автомобил на граничниот премин Богородица кај македонски државјанин кој сакала да излезе од Македонија. Кученцата немале микрочип за идентификација и возачот не поседувал никакви документи за сопственост, а биле пронајдени во две пластични гајби сместени во просторот за багаж на возилото. Според изјавата на возачот, три кученца се од расата Cane corso и едно кученце од расата малтешка пудлица.Вкупно 671 килограм грозје биле откриени на царинската испостава Гевгелија, при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, натоварено со свеж зеленчук и овошје, пријавени за увозно царинење. Стоката била наменета за фирма увозник од Скопје.Триесет литри вињак „Рубин“ биле откриени на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на патничко моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавениот вињак е пронајден во неколку картонски кутии сместени во багажниот простор, покриени со кебиња и личен багаж на возачот. На граничичниот премин Стење биле запленети 32 илјади евра од вкупно 41.970 коишто биле пронајдени под задното седиште, кај акумулаторот, 6500 евра биле запленти на скопскиот Аеродром, а запленети биле 25 парчиња накит, монети, синџирче, алка и женски часовници. Запленети се мобилни телефони и друга техничка стока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

