Црна хроника
Притвор за лице кое нападна полицајци додека извршуваа судска наредба
Определен е притвор за лице кое нападна полицајци додека извршуваа судска наредба, јави обвинителството.
Осомничениот минатата недела нападнал двајца припадници на полицијата кои извршувале судска наредба за негово присилно приведување. Имено, Основниот суд Охрид издал наредба за присилно приведување на лицето, кое не се јавувало на судски рочишта во судот каде е обвинет за кривично дело тешка кражба. При обидот на полицајците да го приведат, осомничениот ги нападнал при што на едниот од нив му нанел и телесни повреди.
„Постапувајќи по поднесена кривична пријава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за определување притвор за осомничениот бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи. Предлогот на обвинителството беше прифатен од страна на судот кој со решение определи притвор за обвинетиот во времетраење од 8 дена“, велат од обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.