Контакт

Надворешна политика

Попоски: Ќе сториме сé изборите да бидат спроведени во фер и демократска атмосфера

Објавено пред

Македонскиот министер за надворени работи и воедно вицепремиер Никола Попоски во Потсдам во чевртокот на маргините на неформалниот состанок на шефови на дипломатиите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) разговараше со своите соговорници за процесите на евроинтеграции по политичкиот договор за одржување на вонредните парламентарни избори на 11-ти декември.

dobivaj vesti na viber

Основната тема на состанокот беше „Соочувањето со заедничките предизвици заедно“. Учесниците дискутираа за актуелните безбедносни предизвици во регионот на ОБСЕ и за модалитетите за поефикасно справување со истите. Теми на разговор беа безбедносните ризици со кои се соочува регионот на ОБСЕ, мигрантската криза, транснационалните закани: тероризмот, насилниот екстремизам, радикализацијата итн. Во овој контекст, министерот Попоски констатираше: „Впечаток од состанокот е дека кај повеќе земји членки постои загриженост од обновување на бегалскиот бран, во размери кои би креирале безбедносни и политички тензии. На Македонија ce гледа како на проверен партнер. За нас, најважно ќе биде одлуките во следниот период да се носат во соработка со соседите и координација со нашите партнери.“

За време на состанокот, ЗПВРМ и МНР Попоски оствари повеќе средби. Со домаќинот, германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер, како и со директорот на ОДИХР Линк беше констатирано дека договорените избори во декември се позитивен развој. „Изборите се воедно и дел од излезот од политичката криза која многу не чини во поглед на евроинтеграциите. Во разговорите со европските партнери беше разговарано да се обезбеди темелно набљудување на изборниот процес од страна на ОДИХР“, истакна Попоски.

Шефот на дипломатијата во својата изјава рече дека очекува од ОБСЕ како организација под капата на која работи (Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) да обезбеди соодветен мониторинг на изборите за коишто во средата челниците на четирита најгоелми партии во земјата се согласија да се одржат на 11-ти декември.

„Со европските колеги, пред сé, разговаравме за европската агенда и за она што е значајно за нас, односно за поголема поддршка, за поголема динамика во евроинтеграциите, елиминирање на проблемот којшто досега беше генериран од политичката криза, односно спроведување на успешни избори. За ова очекуваме да ја добиеме поддршката и преку набљудување на повеќето европски организации, но во прев дека од ОДИХР која функционира во рамки на ОБСЕ и која би направила оцена за квалитетот на спроведениот изборен процес“, се вели во изјавата на Попоски.

Темата мониторинг на изборите закажани за декември се појави како проблем откако неофицијално ОДИХР најави дека постојат буџетско-финансиски проблеми за соодветен мониторинг на македонските избори доколку тие се случат оваа година, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Попоски одби директно да ги коментира внатрешните работи на ОДИХР, но вели дека Македонија ќе направи сé што е потребно за изборите да бидат спроведени во фер и демократска атмосфера согласно законските правила и меѓународни стандарди при што ќе нема можност било која политичка сила да бара изговори за слабиот резултат во изборниот процес.

„Со нашите европски партнери разговаравме за позитивното очекување од договорените избори кои што треба да се случат во Република Македонија. Кај нив постои согласност дека изборите се единствениот и најдобриот пат за излегување од долгорочната политичка криза во Македонија која ни нанесе прилично голема штета во поглед на европските интеграции. За оваа цел работиме заедно со партнерските земји да обезбедиме поголемо присуство на ОДИХР за набљудување на овие избори како би се елиминирале сите можни изговори во овој контекст“, рече Попоски.

Предвидените средства за мониторинг на изборите во Македонија ОДИХР/ОБСЕ биле потрошени на почетокот на годинава кога пред изборите закажани за јуни, набљудувачите на ОДИХР пристигнаа и беа подготвени за изборен мониторинг./крај/мф/бс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ5 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија6 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија8 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија8 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ8 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија8 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија8 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет10 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа10 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет12 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет12 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет12 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет12 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа13 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија22 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет23 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...